НА ЛУЃЕТО ДЕНЕС НАЈМНОГУ ИМ ТРЕБА ЗНАЕЊЕ, ВЕЛИ УМЕТНИЧКОТО ДУО ДАН И ЛИА ПЕРЖОВСКИ ПРЕД ИЗЛОЖБАТА ВО МСУ СКОПЈЕ

September 23, 2024
1 min read

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на 26 септември (20 часот) ќе се претстават со свои дела во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина, која вели дека уметниците се веќе во Скопје и ги  исцртуваат ѕидовите на Музејот.  Пред официјалното отворање на изложбата, во 19:30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен.

Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива.  Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики. Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.

„Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни… се теми кои постојано се повторуваат во различни околности“, вели Дан.

На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје.

Лиа Пержовски, која е истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ – (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела.

„Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување… Па затоа изложив објекти – неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек“, вели Лиа.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија, Србија и Црна Гора доживуваат туристички бум

Следно

Средба на Мицкоски со Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации во Македонија

Latest from Blog

Њукасл го купи најдобриот голман од француската Втора лига

фото: Newcastle (X) Англискиот премиерлига Њукасл Јунајтед го објави потписот на голманот на Ремс, Јуен Жaуен. Според информацијата објавена денеска, станува збор за 20-годишен чувар на мрежата на францускиот второлигаш, кој имаше

Иран изврши напади врз Кувајт, Бахреин и Јордан по американските воздушни напади

Борбени авиони од воздухопловните сили и морнарицата на САД ги извршија нападите во Иран, соопшти Централната команда на американската војска, насочени кон „воздушна одбрана, станици за контрола на копното и радарски локации

Во Собранието расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски

Во Собранието на денешната 104. пленарна седница се одржува расправа за интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пријавени се 32 пратеници за збор по интепелацијата. Во

Коњановски: Холандските искуства се вредна лекција за иднината на Битола и Пелагонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како дел од регионалната делегација на Пелагонија, оствари работна средба со градоначалникот на Хаг, Јан ван Занен, во рамки на студиската посета на Холандија организирана од

Отворен е конкурсот за запишување студенти на Хајделберг Факултет во Скопје за академската 2026/2027 година

[Скопје, 10.06.2026] – Хајделберг Факултет во Скопје го објави официјалниот конкурс за запишување студенти на прв циклус стручни студии за академската 2026/2027 година, отворајќи можност за новата генерација млади луѓе кои сакаат
Go toTop