ВНУКОТ НА МИЛТОН МАНАКИ КОЈ СЕ ВИКА КАКО ДЕДО МУ ПРИМИ ПОЧЕСНА НАГРАДА ЗА ЈАНИ МАНАКИ НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

September 22, 2024
1 min read

Сношти во Битола, со црвен тепих и проекција на италијанскиот филм „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино, се отвори 45 издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Оваа година наши учесници и гости на фестивалот се мајстори на филмската фотографија кои заедно имаат освоено 8 Оскари, 16 номинации за Оскар, 12 награди БАФТА и уште 19 номинации за истата награда, 11 награди од Американското друштво на кинематографери, 8 награди од Британското друштво на кинематографери, 6 награди на Канскиот филмски фестивал, 1 награда во Венеција, 3 награди во Берлин, 6 ЕМИ награди, 1 азиски Оскар. Сите овие луѓе годинава ќе шетаат по улиците на Битола, ќе шетаат по Широк сокак. Ете затоа еден е ‘Манаки’ и една е Битола, како голем центар на филмската уметност“, рече директорот на Фестивалот, актерот Симеон Мони Дамевски.

Дамевски додаде оти фестивалот годинава доделува почесна Златна камера 300 за животно дело на Јанаки Манаки, бидејќи досега вакво признание било доделено само на неговиот брат Милтон.

„Првпат мојот татко ја прими наградата Златна камера 300 во името на неговиот татко, Милтон Манаки. Фестивалот ‘Браќа Манаки’ е уникатен фестивал. Еден од малкуте фестивали кои ги слават кинематограферите. Голема чест, задоволство и благодарност од семејството кое ја прима оваа награда“,  рече внукот на Милтон Манаки кој се вика исто како и неговиот дедо.

Наградата Златна камера 300 за животно дело ја доби францускиот кинематографер, Бруно Делбонел.

Наградата Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност ја доби полската кинематограферка, Јоланта Дилевска (Фото: „Браќа Манаки“

„Голема благодарност на Фестивалот. Кога Симеон ме повика, реков дека нема шанса да дојдам, уште не сум се пензионирал. Им се восхитувам на досегашните добитници на ова признание, како Свен Никвист, Ед Лакман, Виторио Стораро, Питер Бижу, Џон Сил. Тоа се луѓе од кои многу сум научил и многу им должам. Сега се обидувам да му го дадам на киното она што киното ми го даде мене“, рече Делбонел.

Наградата Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност ја доби полската кинематограферка, Јоланта Дилевска. Наградата што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ)- „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, ја доби Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер. Наградата ја додели Владимир Павловски, студент на Грбевски.

„Неговите студенти со своите филмови се амбасадори на македонската култура на најголемите фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Санденс, вклучително и, ‘Медена земја’ со две номинации за Оскар“, рече Павловски. „Да им посакаме на младите да го следат патот на филмските дејци“, рече Грбевски .

Кинематографер на италијанскиот филм „Партенопе“ со кој се отвори Фестивалот е Дариа Д’ Антонио.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двојазичниот избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“ за силна културна дипломатија

Следно

Сообраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози

Latest from Blog

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на

Максим Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен,

Максим Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, единствено ЗНАМ разговара со народот на терен

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен,

Инфантино во проблеми: Го моли Трамп да го “спаси“, ама претседателот на САД не му одговара на повиците!

фото: Football Tweet (X) Зарем навистина Џани Инфантино мислеше дека со Доналд Трамп може да се прави договор и истиот да се почитува? А што мислеше кога “влезе“ во “дил“ со првиот
Go toTop