Халанд е неизвесен за клучниот меч во Премиерлигата

February 13, 2023
1 min read

Во среда Арсенал го пречекува Манчестер Сити во меч од Премиерлигата, а тоа ќе биде дуел меѓу двата најголеми конкуренти за титулата во Англија, а Халанд можеби нема да биде дел од него.

На натпреварот против Астон Вила, Халанд од игра беше повлечен на полувремето поради болка во ногата.

„Ерлинг имаше удар, се чувствуваше неудобно. На полувремето зборував со докторите. Можеби со ваков резултат подобро е да не ризикуваме ми рекоа тие, јас се согласив. Ако беше тесно, можеби немаше да го извадам. Не мислам дека е повреден, но во понеделник ќе направиме тестови и ќе видиме. Се надевам дека ќе биде подготвен за во среда. Но ако не е подготвен или ако има некој ризик, тогаш нема да игра“, рече Гвардиола.

Арсенал е прв на табелата со три бода повеќе од Манчестер Сити, топчиите има и натпревар помалку од ривалот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над Северна Америка соборен уште еден неидентификуван летечки објект

Следно

ЕУ ќе испрати дополнителна помош за Турција

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop