Уапсен четвртиот американски државјанин обвинет за заговор за убиство на Мадуро во Венецуела

September 18, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Венецуела го уапси и четвртиот американски државјанин поврзан со наводниот заговор за атентат на претседателот Николас Мадуро, потврди вчера министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело, известува Анадолу.

Министерот Кабело рече дека приведениот Американец фотографирал стратегиски инсталации.

„Го следевме. Тој беше фатен овде, во Каракас, како фотографира електрични и нафтени инсталации, воени единици“, рече Кабело.

Американецот им се придружи на тројцата американски државјани, двајца Шпанци и еден Чех, кои беа уапсени во Венецуела последниве неколку недели и од властите на земјата обвинети за заговор за убиство на претседателот Мадуро и други високи функционери.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент за Агенција Анадолу изјави дека е запознаен со извештаите за можно апсење на уште еден американски државјанин.

„Свесни сме за непотврдените извештаи за дополнителни апсења во Венецуела. Нашата способност да обезбедиме помош за американските граѓани во Венецуела е сериозно ограничена. Внимателно работиме на дополнителни информации“, рече портпаролот.

Стејт департментот ги отфрли обвинувањата за вмешаност на САД во плановите за соборување на Мадуро.

„Сите тврдења за вмешаност на САД во заговор за соборување на Мадуро категорично се лажни. Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат демократското решение за политичката криза во Венецуела“, информираат од Стејт департментот.

Шпанската Влада, исто така, негираше вмешаност во наводниот заговор и побара информации за приведените Шпанци.

Во вторникот шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес побара од венецуелскиот колега Иван Гил да го извести каде се наоѓаат шпанските затвореници и да ги објасни обвиненијата против нив, како што тоа го налага Виенската конвенција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

Следно

Смртоносен напад на Либан, експлозија на 5 000 пејџери

Latest from Blog

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Макпетрол најтргувани; МБИ10 падна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека

„Нож и виљушка на европска чинија“ утре носи целодневна забава во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни

ЕСКАЛАЦИЈА ВО ОРМУЗ – Иран заплени танкер и упати закана до САД

Иранската морнарица го заплени танкерот „Оушн Кои“ под обвинение за обид за нарушување на иранскиот извоз на нафта и националните интереси, објави новинската агенција „Тасним“. Запленувањето го извршиле специјални единици на иранските
Go toTop