Најмногу дожд изминатото деноноќие во Крушево, а еве во кои делови од Македонија е најстудено

September 18, 2024
1 min read

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 16 литри на квадратен метар,  14 во Битола и Попова Шапка, 12 во Тополчани, 11 во Прилеп, 10 во Претор, 9 во Пожаране и Маврови Анови, 6 во Охрид, Гевгелија и Дебар, 4  воТетово, Лазарополе, Демир Капија, Велес и Кавадарци, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Скопје-Петровец и само еден литар на квадратен метар во Струмица.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија 16 степени.

Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, претежно во јужните делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште една награда и нови фестивалски учества за „Љубовната соба“ на Диневска

Следно

Кејн: Сакавме да им дадеме 10, 11 голови, тоа е наш менталитет

Latest from Blog

Поради магла намалена видливост, посебно внимавајте на ОВИЕ патишта

Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а

Европа формираше Меѓународна комисија за надомест на штетата на Украина

Европа ја основа Меѓународната комисија за репарации за Украина, потег што има за цел да обезбеди Киев да добие компензација за стотиците милијарди долари штети предизвикани од руските напади и можните воени

Go toTop