Армијата на Мали спречи терористички напад врз жандармериското училиште во Бамако

September 17, 2024
1 min read

БАМАКО (АА) – Воената администрација во западноафриканската земја Мали рано утринава спречи терористички напад врз училиште за обука на безбедносниот персонал во главниот град Бамако, соопштија официјални лица, известува Анадолу.

Истрели од огнено оружје се слушнале во близина на жандармериското училиште во Фалади во 5:30 часот (GMT – средно време по Гринич) и траеле најмалку три часа.

Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Мали се наведува дека „група терористи се обиделе да се инфилтрираат во жандармериското училиште Фалади“.

„Во моментов, во тек се операции за пребарување на целата област. Ситуацијата е под контрола“, се вели во соопштението, во кое се повикуваат луѓето да останат смирени и да ги следат упатствата на безбедносните сили.

По воените удари во Мали во 2020 и 2021 година, полковникот Асими Гоита беше избран за привремен претседател на земјата за последователниот период на транзиција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд

Следно

Успешно заврши меѓународниот турнир во пинг понг Зегин опен 2024

Latest from Blog

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop