Кина ги смета САД за одговорни за неуспехот да се постигне прекин на огнот во Газа

September 17, 2024
1 min read

ПЕКИНГ (АА) 

Кина ги смета Соединетите Американски Држави (САД) за одговорни за неуспехот да се постигне прекин на огнот во Газа, известува Анадолу.

„Доколку САД не ја штитеа едната страна повторно и повторно, повеќе резолуции на Советот за безбедност немаше да бидат флагрантно отфрлени“, рече кинескиот амбасадор Генг Шуанг во обраќањето пред Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).

Тој потсети дека израелската војна во Газа, која започна на 7 октомври минатата година, трае речиси една година.

„Во текот на изминатата година и покрај силните заеднички меѓународни повици за прекин на огнот и запирање на убиствата, Израел не ги прекина воените операции што доведоа до смрт на над 41.000 палестински цивили. Ова е алармантно“, рече Генг.

Тој истакна дека „примарна одговорност на Советот за безбедност на ОН е одржување на меѓународниот мир и безбедност“.

„Зошто не бевте во состојба да ја запрете оваа човечка трагедија, најлоша од ваков вид досега?“, праша Генг.

Тој додаде дека веднаш по избувнувањето на конфликтот Советот за безбедност на ОН можел да усвои резолуција со која се бара прекин на огнот доколку САД не „застанеле на патот“.

На крајот тој ги повика САД да покажат одговорен став и да го искористат влијанието, преземајќи конкретни дејства за да го принудат Израел без одложување да ги прекине воените операции „давајќи му можност за живот на палестински народ кој веќе долго страда“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновски-Вал: Уставниот суд во приоритетите за соработка на ОБСЕ

Следно

Стартува новата фудбалска Лига на Шампиони

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop