ВМРО-ДПМНЕ: На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ, ја оставиле Клиниката на цедило без основни медицински средства

September 17, 2024
1 min read

За СДС и ДУИ здравството било само област од која треба да профитираат поединци, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација и интензивно лекување ја оставиле во хаос. Прво, контролите од надлежните покажуваат дека се aнгажирале лица со договор на дело незаконски. Или повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани со договор на дело на Клиниката без согласност од Министерството за финансии, односно спротивно на член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. Казната за лице кое го сторило ова дело е казна затвор од шест месеци до три години. Второ, Клиниката дополнително се соочува со недостаток на медицински сестри, а раководството не се грижело за тоа. Трето, раководство на ТОАРИЛУЦ на Клиниката направило финансиски обврски во износ од 840.000 денари и истите не биле во процедура согласно Законот за јавни набавки. Јавните набавки се правени без план за потребите на Клиниката. Оттука е дојдено до целосно исцрпување на договори и оставање на Клиниката без основни медицински средства и опрема, истакнаа од владејачката партија.

Ова е само еден од многуте примери на уништување на здравството! Одговорност ќе има за секој еден кој не го почитувал законот! Велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи

Следно

Срамно: Студентите ја финансираат дигитализацијата на УКИМ

Latest from Blog

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop