Приведен Мехмет Ертан Акај, инженер задолжен за стручен надзор на изградбата на зграда која се урна во Газиантеп

February 12, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Турската полиција го приведе инженерот Мехмет Ертан Акај, кој го водел стручниот надзор во изградбата на зграда која се урна во Газиантеп по земјотресот што ги потресе јужните региони на Туркије, известува Анадолу.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Една од бројните згради кои се урнаа во земјотресот е и комплексот „Ајше Мехмет Полат“, а Канцеларијата на Државното обвинителство во Газиантеп започна истрага и издаде налог за приведување на Акај.

Акај е приведен во истанбулската населба Аташехир и префрлен во Газиантеп на понатамошно процесуирање.

Приведениот се товари за предизвикување смрт од небрежност и кршење на Законот за изградба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осумгодишно момче извлечено живо 155 часа по земјотресите во Туркије

Следно

„Истрага на криминал од земјотрес“: Во Турција се апсат градежници на урнатите згради

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop