106 санкционирани возачи на територијата на СВР Струмица

February 12, 2023
1 min read

Денеска (11.02.2023) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при одделот за униформирана полиција спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 37 за возење без возачка дозвола, 17 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 6 кон возачи кои вршат јавен превоз на патници, 7 барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, 4 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки и 4 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид убедливо до светската титула

Следно

Облачно со слаб снег по планините

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop