Главниот обвинител на МКС во одбрана на налозите за приведување на Нетанјаху

September 6, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, застана во одбрана на налозите за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека мора да се види дека правдата е задоволена, пренесува Анадолу.

Во интервју за „Би-би-си“, Кан рече дека е важно да се покаже дека судот се однесува кон сите земји со ист стандард во врска со наводните воени злосторства, поздравувајќи ја одлуката на Владата на Велика Британија да се откаже од своето противење на налозите за приведување.

Британската Влада во јули го промени своето противење на МКС, барајќи налог за приведување на Нетанјаху.

Кан во мај објави дека судот бара издавање налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант под обвинение за воени злосторства.

Тој, исто така, побара налози за тројца водачи на Хамас, Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханије.

Кан појасни дека МКС треба да побара налози за лидерите на двете страни за да се осигури дека луѓето низ светот знаат дека судот го применува „законот подеднакво заснован на некои заеднички стандарди“.

„Кога некој би поднел барање за потерници во врска со израелските официјални лица, а не за Газа, [некои] би рекле: „Добро, ова е безобразно“ и „Како е тоа всушност можно?“, рече тој во интервјуто објавено вчера.

Израелскиот премиер и министерот за одбрана беа осомничени за злосторства, вклучително и изгладнување на цивили како метод на војување, убиства, намерно насочување напади врз цивилно население и истребување.

Тој, исто така, истакна дека бил притиснат од некои светски лидери да не издава налози, додавајќи: „Неколку водачи и други ми кажаа и ме советуваа и ме предупредија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со експертска помош од Полска ќе се јакнат капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт

Следно

Милевски: Да бидеме на нашиот максимум за да не зависиме од противникот

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop