Со експертска помош од Полска ќе се јакнат капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт

September 6, 2024
1 min read

Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири денеска остварила работна средба со полскиот министер Артур Сцапивски воедно и главен инспектор за транспорт на Република Полска и Пјотр Висоцки претставник од Полската амбасада во државава.

-На средбата се разговараше за соработката меѓу двете земји, притоа акцент се стави на транспортната политика и инвестициите.  Заменик министерката Зеколи Шаќири истакна дека Македонија во континуитет работи на усогласување на домашните транспортни политики со транспортната регулатива на Европската Унија, соопшти Министерството за транспорт.

Било отворено и прашањето за имплементација на Твининг проектот за модернизација и подигнување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, проект финанасиран преку Европската Унија во висина од 2,1 милион евра.

Главната цел на овој проект е да се унапредат техничките и човечките капацитети на Државниот инспекторат за транспорт преку нови вештини, искуства и усогласување на на домашното законодавството со Европската Унија.  За таа цел, Државниот инспекторат за транспорт на Полска започнувајќи од октомври оваа година во наредните 28 месеци ќе има свој постојан претставник во државава кој ќе работи на унапредување на целокупната активност на ДИТ.

-Драго ми е што започнуваме проект преку кој ќе ја зголемиме безбедноста на патиштата а нашите инспектори ќе добијат нови знаења и искуства на ниво на нивните колеги од Европската унија. Исто така ќе достигнеме повисоки сигурносни стандарди во оваа област. Ова е проект финанисиран со средства од Европската Унија и очекувам значително да ги подобриме условите во нашиот Државен инспекторат за транспорт, истакнала по средбата заменик министерката за транспорт, Зеколи Шаќири.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Моја цел е да ѝ помогнам на Северна Македонија да оди напред, рече новиот евроамбасадор Рокас

Следно

Главниот обвинител на МКС во одбрана на налозите за приведување на Нетанјаху

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop