Фидан: Главен и одговорен за геноцидот во Газа е Нетанјаху

September 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, во врска со тековните напади на Израел врз Газа, рече дека „главен и одговорен за геноцидот (во Газа) е (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, јавува Анадолу.

Министерот Фидан говореше на заедничката прес-конференција одржана по средбата со неговиот колега, шефот на дипломатијата на Северна Македонија и министер за надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Скопје.

Наведувајќи дека бруталноста во Газа продолжува, Фидан истакна дека тензиите се проширени и на Западниот Брег, и дека провокациите насочени кон Месџид ал Акса уште повеќе ја влошуваат ситуацијата.

Во врска со тековните напади на Израел врз Газа, Фидан рече: „Главен и одговорен за геноцидот (во Газа) е Нетанјаху. Нетанјаху продолжува да сее смрт и терор за да остане на власт. Нетанјаху ги саботира сите обиди за прекин на огнот и продолжува да ги нарушува преговорите за прекин на огнот со постојано воведување нови услови.“

Посочувајќи дека дури и израелската јавност почна да се бунтува против Нетанјаху, Фидан порача:

„Меѓународната заедница мора да го спречи Нетанјаху. Да се ​​молчи пред масакрот е еднакво на соучесник во ова злосторство.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Следно

Министерот Муцунски домаќин на турскиот министер за надворешни работи

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop