По 35 години се отвора граничен премин меѓу Турција-Ерменија за достава на хуманитарна помош

February 11, 2023
1 min read

Овој граничен премин последен пат функционирал во 1988 година за иста намена, кога земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погодил Ерменија, а животот го загубиле повеќе од 25 000 Ерменци

Откако Турција беше погодена од земјотресот опишан како „катастрофа на векот“, продолжува да се доставува помош од целиот свет, но и од соседните земји. Интересен е фактот што денеска по 35 години беше отворен граничниот премин „Аликан“ во регионот на Игдир.

Како што пишуваат турските медиуми, овој граничен премин последен пат функционирал во 1988 година за иста намена, кога земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погодил Ерменија, а животот го загубиле повеќе од 25 000 Ерменци.

Сердар Килич, специјален претставник на Турција за дијалог со Ерменија, на Твитер објави дека утринава од граничниот премин „Аликан“ во Турција пристигнале пет камиони со помош, вклучувајќи лекови, храна и вода.

„Веднаш по земјотресот, покрај тимот за пребарување и спасување од 28 лица и техничка опрема, за Адијаман замина и пакетот итна помош од ерменскиот народ, вклучувајќи 5 камиони од 100 тони храна, лекови и вода“.

напиша тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двегодишната Асја спасена од урнатините 122 часа по земјотресите

Следно

ФОТО: Ова е Ирмак, загинатата ќерка на таткото кој го трогна светот – Била кај баба и’, ја пронашле по три дена

Latest from Blog

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Иако се разделија во 2015 година, а разводот беше финализиран во 2018 година, нивната приказна продолжува да ја интригира јавноста, пишува списанието Hello!. Најтешкиот удар не беше медиумскиот притисок Во интервју за

Масовни протести низ Иран, исклучен интернетот во земјата – Трамп се закани на режимот

Масовни антивладини протести се одржуваат низ целиот Иран вечерва, вклучително и во главниот град Техеран. Ова е 12-та ноќ по ред како демонстрантите излегуваат на улиците, во бран немири предизвикани од тешката
Go toTop