„Фигаро“: Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер

September 2, 2024
1 min read

Претседателот на Економскиот, социјалниот и еколошкиот совет на Франција, Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер, објави денеска францускиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на неименувани извори.

Тиери Боде порано бил учител, а потоа претседател на Генералната организација за солидарност во областа на националното образование, прецизира „Фигаро“.

Во интервју за весникот „Трибин“ претходно оваа година, Боде изјави дека коалицијата „Национален собир“ ја „загрозува иднината на посредничките организации“.

Во Елисејската палата во тек се консултации за именување на нов премиер. Под притисок на опозицијата што поскоро да назначи нов премиер, францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Елисејската палата се сретна со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози, како и со поранешниот премиер Бернар Казнев, јавуваат француските медиуми.

Месец и пол по предвремените парламентарни избори и оставката на владата на Габриел Атал, Макрон сè уште не именуваше нов премиер. Левичарските партии го обвинија Макрон за „опструкција“, бидејќи ја исклучи кандидатката на „Нов народен фронт“, Луси Каст од листата на кандидати. Ултралевичарската партија „Непокорна Франција“ го иницираше процесот за импичмент на Макрон.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во наредните денови попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи

Следно

Ивица Дачиќ: 2.388 полицајци се присутни во училиштата во Србија

Latest from Blog

Кина со жестоки критики кон САД пред пристигнувањето на Трамп: Престанете да нѐ оцрнувате

Да ве потсетиме дека минатата недела американскиот Стејт департмент санкционираше десет лица и компании од Кина и Хонг Конг, обвинувајќи ги дека директно ѝ помагаат на иранската армија. Овој потег на Вашингтон

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со
Go toTop