ФБИ ја претресе куќата на Мајк Пенс

February 10, 2023
1 min read

Покрај кај Пенс, доверливи документи беа пронајдени и кај Бајден и Трамп за што специјални обвинители, исто така, водат истрага

Мајк Пенс, поранешен потпретседател на САД во мандатот на Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Специјалниот обвинител кој ја води истрагата за обидот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги поништи резултати од изборите во 2020 година, го повика како сведок потпретседателот на САД во мандатот на Трамп, Мајк Пенс, објави агенцијата „Асошиејтед прес“.

Во меѓувреме, со согласност на Пенс, ФБИ извршил претрес во неговата куќа во рамки на одвоена истрага за доверливи документи кои беа најдени во неговата резиденција во Индијанаполис.

Претресот следува само неколку недели откако адвокатот на Пенс го извести Националниот архив, кој е задолжен за чување на документите. Документите со ознака „доверливо“ потоа беа предадени на ФБИ.

Адвокатот на Пенс во јануари соопшти дека станува збор за мал број документи кои „случајно биле спакувани и пратени“ на адресата на поранешниот потпретседател при крајот на мандатот на администрацијата на Трамп.

За претресот кој беше спроведен сега од ФБИ, дел од медиумите објавија дека по темелното пребарување биле пронајдени и дополнителни документи.

Истрагата и претресот кај Пенс се во период кога специјални обвинители водат истраги за доверливи документи кои беа пронајдени и во куќата и поранешната канцеларија на актуелниот претседател Џо Бајден, како и во резиденцијата на Трамп на Флорида.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како последица на земјотресите во Туркије животот го загубија најмалку 20.213 луѓе

Следно

Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги
Go toTop