Мицкоски на средба со в.д. амбасадорот на Германија: Владата на СДСМ целосно потфрли, потребни се избори

February 10, 2023
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со в.д Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Ото Граф.

На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба на државата и европските процеси на државата.

Од страна на Мицкоски беше потенцирано дека постојаното негирање од страна на Бугарија влијаа на билатералните односи помеѓу соседните држави, додавајќи дека стратешки интерес и приоритет на партијата е што побрзо започнување и зачленување на државата во Европската унија, но без уцени под бугарски диктат.

Мицкоски рече дека владата на СДСМ и ДУИ целосно потфрли во делот на македонската економија, а како резултат на тоа е се поголемата сиромаштија и нискиот стандард на граѓаните, нагласувајќи дека се потребни промени и одржување на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски истакна дека земјата не се справува со криминалот и корупцијата кои доаѓаат токму од високите владини функционери за кои веќе има неколку судски процеси но нема правна разрешница.

Мицкоски се заблагодари за поддршката од страна на Сојузна Република Германија и порача дека за доброто на државата и граѓаните добро е средбите и соработката помеѓу двете држави да се интензивираат и унапредуваат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обилни снежни врнежи во Јапонија: Откажани летови, патиштата блокирани

Следно

Бегај го осуди нападот со огнено оружје врз новинарите на „Фикс Фаре“ и порача дека заканата по животот на новинарите не може да се толерира

Latest from Blog

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина

Шест години брендираната гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра, ,,скапува” во магацин

Веќе шест години, во еден од магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, стои конфискуваната брендирана гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, вредна речиси 600.000 евра. Во овој период луксузната облека ниту

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Украина ги засили нападите со беспилотни летала врз руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и рафинериите за нафта, ова лето, обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата за која вели дека е клучна за
Go toTop