Бриселската Агенција за животна средина ги тужи авиокомпаниите поради бучава

July 19, 2024
1 min read

Агенцијата за животна средина на Брисел покрена тужба против авиокомпании кои летаат од и до бриселскиот аеродром „Завентем“, поради непочитување на стандардите за бучава од авионите. 

Тужбата е покрената врз основа на 63 официјални извештаи со кои се потврдува дека тужените авикомпании не ги почитувале пропишаните стандарди за бучава. 

Регионалното Министерство за животна средина на Брисел, во 2017 година на покривот на објектот на Бирото за социјални услуги на бриселската општина Синт Ламбрехтс-Волуве, во чија близина се наоѓа аеродромот, постави мерачи на бучавата што ја предизвикуваат авионите. 

Резултатите од мерењата покажале дека 28 проценти од авионите што слетуваат или полетуваат од „Завентем“ ги кршат стандардите за дозволеното ниво на бучава, при што прекршувањата речиси без исклучок се случувале во раните утрински часови, меѓу 6 и 7 часот. 

Градоначалникот на Синт Ламбрехтс-Волуве, Оливие Мањан изрази задоволство од одлуката на Агенцијата, иако според него со неа се доцни многу. 

– Требаа да поминат седум години за бриселската Агенција за животна средина конечно да се согласи да ги гони авиокомпаниите што ги прекршуваат стандардите за бучава при прелетувањето над општината, изјави Мањан. 

Жителите на Синт Ламбрехтс-Волуве веќе долго време се жалат на бучавата од авионите. Врз основа на нивните поплаки, Општината пред неколку месеци поднесе жалба против новата дозвола за работа што фламанските власти му ја издадоа за аеродромот „Завентем“, кој се наоѓа на територијата на провинцијата Фламански Брабант во регионот Фландрија. 

Според локалните власти на Синт Ламбрехтс-Волуве, околу 45 отсто од авионите кои полетуваат или слетуваат на „Завентем“ ја прелетуваат територијата на Општината, односно во текот на 2023 година станувало збор за над 32.000 летови. 

Властите на Синт Ламбрехтс-Волуве иницираа и петиција со која се бара од Федералната влада на Белгија да најде решение за проблемот со бучавата во Брисел, што досега ја потпишале над 4000 граѓани.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жешкото време носи и „жешки“ сметки за струја

Следно

Пожар во скопски Аеродром – зафатени се гаражни простории

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите е трајно потсетување дека мирот има своја цена

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави

Министерство за финансии: 41 проект ќе биде основа за капиталните инвестиции во 2027 година

10 август 2026, Скопје – Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции

Бошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата

ВИДЕО | ОРБАН НА РАКИЈА ВО ГУЧА – Друштво му правеа моќници од унгарскиот бизнис

Виктор Орбан беше забележан во опуштено издание на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што наздравуваше со традиционална ракија во друштво на влијателни луѓе од унгарскиот бизнис-сектор. На снимките, кои
Go toTop