Жените иако пообразовани се помалку застапени на врвни места каде што се креираат и носат политики

July 18, 2024
2 mins read

Само три жени се именувани за министерки во новата Влада, а пет од вкупно 20 за заменички. И покрај многуте политики за унапредување, жените и натаму се далеку од позициите каде што се одлучува.

Состојбите се очајни, велат познавачите. Според податоците, кога станува збор за застапеноста на жените во политиката и на раководните позиции, процентот во континуитет во изминативе години се движи помеѓу 15 и 20%.

„Единствено нешто што успеавме низ годиниве да обезбедиме е некаква порамноправна застапеност во законодавната власт односно со системот на квоти во изборниот законик каде што се предвидува дека задолжително мора да имате учество на жените на изборните листи и тука состојбите се нешто подобри, но тоа се однесува само на Парламентот и советите на оптшините, ако ги погледнете градоначалничките таму нема да видите жени во доволна застапеност, така што тоа е нашата реалност.“ – вели Неда Малевска од Центарот за управување со промени.

Дел од политичарките велат дека не станува збор за недоволна амбиција или образование, туку предрасудите и нападите кон жените во политиката се тие кои го задушуваат политичкиот ангажман.

„Многу жени се обесхрабрија поради многу случувања во полтииката кога да речам се напаѓаат жените. Обично поголем дел од жените во државата се обесхрабруваат и не би сакале да се изложат на таков притисок. Јас се соочив со таков пример затоа што жени кои што беа препознаени во своите средини и општини каде живеат не сакаа да се нафатат за градоначалнички и извршни функции баш поради тој говор на омраза и линч што се применува кон жените во политиката.“ – вели Жаклина Пешевска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Друг дел од политичарките пак сметаат дека одговорност носат и самите партии кои треба многу повеќе да работат за поголема вклученост на жените во процесите.

„Можеби еден од клучните моменти кои ги обесхрабрува жените да бидат вклучени во политиката тоа е прво овој тежок пат кој го изодуваат во самите политички партии за да дојдат до некоја позиција, иако сите политички партии тврдат дека жените во партиите се најактивни, најмногу работат на терен и со поддржувачите и со активистите, но кога ќе дојде ред за високите функции некако ги губиме жените.“ – вели Маја Морачанин поранешна пратеничка.

Политичарките се согласни дека се уште претстои борба за поголема застапеност на жените во политиката.

„Ние во минатиот состав поднесовме предлог измени, сега повторно ќе ги поднесеме со кои бараме 50% мажи и жени на листите за парламентарни избори и за во советите и 40% број на жени градоначалнички. Знам дека некои од партиите ќе кажат дека можеби е невозможно да се обезбедат жени, но јас мислам дека има многу квалитетни жени во Македонија кои може да одговорат на функциите и задачите.“ – вели Моника Змејкова претседателка на ЛДП.

Дека се уште претстои борба сметаат и граѓанските организации.

„Уште една работа за што ние како граѓански сектор се залагаме е отворање на позициите на овие директорски и заменички места да биде засновано низ еден компетитивен процес во кој можеби ќе се охрабрат повеќе жени да конкурираат и да освојат некоја таква позиција. Вака вие кога високораководните функции ви се затворени и ги доделувате исклучиво по пат на именување и политички договор, немате ниту можност да видите дали жените би имале интерес, во поголем процент од овој од 22%, така што и тоа е можност.“ – вели Малевска.

Државата годинава ја доби и првата жена Претседателка, но сепак поширокото вклучување на жените на високи позиции на влијание и одлучување се чини дека е во застој за што претстои уште борба.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мимар Синан – архитект кој остави свој белег на изгледот на многу градови

Следно

Ми се збори, ми се лае

Latest from Blog

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија
Go toTop