Зеленски ќе потпише нови безбедносни договори на Европскиот самит во Велика Британија

July 18, 2024
1 min read

ЛОНДОН – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес пристигна во Обединетото Кралство за да учествува на четвртиот самит на Европската политичка заедница, на кој ќе се присуствуваат лидери од цела европска област за да разговараат за итни заеднички прашања и предизвици, јавува Анадолу.

Посетата на Зеленски е истакната со полна агенда, вклучително серија билатерални состаноци на високо ниво со клучните партнери и потпишување нови значајни безбедносни договори.

Како дел од програма за зајакнување на односите меѓу Украина и Велика Британија, Зеленски ќе се сретне со кралот Чарлс и премиерот Кир Стармер.

Тој, исто така, треба се сретне со високи владини функционери и врвни раководители на одбранбените компании.

Главен белег на посетата на Зеленски ќе биде потпишувањето меѓувладин договор, чија цел е поддршка на одбранбениот и индустрискиот сектор на Украина.

Во своите објави на Х, Зеленски ја нагласи улогата што Обединетото Кралство ја игра откако Русија започна војна против Украина во февруари 2022 година.

„Од првите денови на целосната инвазија, Велика Британија беше еден чекор понапред во својата решеност да ја поддржи Украина. Ова е еден вид решителност што ни е потребна за да го запреме рускиот терор“, рече Зеленски, изразувајќи благодарност за цврстата поддршка од Велика Британија.

Денес во Велика Британија ЕПЗ го започна својот четврти самит, а во палатата Бленхајм ќе се сретнат лидери од околу 45 европски земји.

Во агендата на самитот се вклучени значајни дискусии за Украина, енергијата, заштитата на демократијата и нерегуларната миграција.

Палатата Бленхајм, родното место на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, е приближно 100 километри од Лондон.

Премиерот Стармер е домаќин на својот прв меѓународен состанок по преземањето на функцијата на 6 јули, а на маргините на самитот ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и со ирскиот премиер Сајмон Харис.

Ќе учествува и кралот Чарлс со приредување на прием за присутните на самитот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен доби втор мандат, ЕУ центристите добија привремено засолниште

Следно

Мимар Синан – архитект кој остави свој белег на изгледот на многу градови

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop