Талибанците ги стигна најтешката клетва, да работат во канцеларија

February 9, 2023
1 min read

Авганистанската аналитичка мрежа прави детални интервјуа со пет поранешни борци кои во овие година и пол од повлекувањето на Американците станале владини функционери и полицајци.

Луѓето со кои разговара се на возраст меѓу 24 и 32 години и минале меѓу 6 и 11 години во Талибанците на различни позиции од командант и снајпер, до обични борци. По завршувањето на војната, двајца од нив добиваат цивилни позиции, а другите тројца работат во безбедносните сили на земјата.

Поранешниот снајпер објаснува како во време на џихадот сè било полесно „тогаш сè што требаше е да направиме план за напад на непријателот и за повлекување. Луѓето не очекуваа многу од нас и имавме малку одговорност кон нив.“ За разлика од тогаш, сега ако некој е гладен, тие се одговорни за него.

„Талибанците беа ослободени од секакви ограничувања, а сега само седиме на едно место, зад биро и компјутер по 24 часа на ден, седум дена во неделата.

Животот почна да има грижи; истите работи ги правиш секој ден. Уште поголем проблем е што не си со семејството,“ изјавил снајперистот.

25-годишниот Абдул Нафи објаснува дека понекогаш му фали џихадистичкиот живот од војната:

„Кај нас во министерство има малку работа за мене. Затоа најголем дел од времето сум на Твитер. Имаме брзо ви-фи и интернет. Многу муџахедини, вклучително и јас, сме зависни од интернет, посебно Твитер.“

Сите петмина интервјуирани не се родум од Кабул туку доаѓаат во главниот град по повлекувањето на САД. Проблем им е висината на кириите, но далеку поголем проблем им е гужвата во сообраќајот  која според нив од месец во месец станува понеподнослива.

Тие не можат да престанат да зборуваат за слободата што ја имаат дур се во војна, „имаш слобода да одиш каде сакаш, да останеш каде сакаш, да решиш дали ќе се бориш или не. Денес мора да си во канцеларија пред 8 часот наутро и таму да седиш до 16 часот, а ако не отидеш те сметаат за отсутен и ти ја кратат дневницата за дента.“.

Друго што им пречи е дека во војната живееле меѓу народ, а сега „многумина од нас се затворија себе си во нашите канцеларии и палати, напуштајќи го едноставниот живот.“

„Многу сум загрижен за нашите муџахедини. Вистинскиот тест и предизвици не беше за време на џихадот. Туку е сега. Во тоа време беше едноставно, ама сега работите се многу покомплицирани. Нè тестираат коли, позиции, богатство и жени. Многумина од нашите муџахедини, да не даде Господ, паднаа во овие наизглед слатки, но всушност горки стапици,“ изјавил соговорникот по име Камран.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ: Нечовечки е да ги злоупотребувате личните трагедии на луѓето за добивање на политички поени

Следно

Вечерва и официјално се очекува одлуката дали Алијанса ќе влезе во Владата – Гаши молчи и повторно му „намигнува“ на Мицкоски?

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop