Подигнат еден од оштетените вагони со амонијак кај Пирот

January 8, 2023
1 min read

Како што објави РТС, преостанатата содржина на амонијак денеска ќе биде безбедно отстранета од местото на несреќата. Дури потоа ќе се подигнат и последните три неоштетени вагон-цистерни со амонијак кои излетаа од пругата кај Пирот на 25 декември лани

Екипите на „Железници Србија“ и на Министерството за транспорт, со поддршка на работници и дигалки од „Бугарски железници“, вчера успеаја да подигнат еден од оштетените вагон-цистерни со амонијак кои на 25 декември минатата година излетаа од шините на пругата кај Пирот, јави РТС.

Принтскрин: РТС

Како што објави медиумот, преостанатата содржина на амонијак денеска ќе биде безбедно отстранета од местото на несреќата. Дури потоа ќе се подигнат и последните три неоштетени вагон-цистерни.

Бидејќи се работи за најризичниот дел од оваа акција, Штабот за вонредни ситуации ги предупредил граѓаните да не се приближуваат на местото на несреќата, што го обезбедуваат голем број полицајци и пожарникари и спасувачи.

Автопатот Ниш-Пирот повеќе не е затворен за сообраќај.

Несреќата на пругата кај Пирот се случи на 25 декември минатата година кога четири од 20 вагони-цистерни кои пренесуваа амонијак излетаа од шините. По несреќата, во Пирот беше прогласена вонредна состојба, а повеќе од 50 лица беа хоспитализирани поради симптоми на труење.

Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија формираше две комисии за утврдување на сите факти поврзани со несреќата на пругата Ниш – Димитровград кај пругата Пирот. Меѓутоа, министерот на тој ресор, Горан Весиќ, на 26 декември, ден по несреќата, изјави дека причината е лошата инфраструктура и дека не му треба комисија за да го утврди тоа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зинедин Зидан веќе одбил понуди од три репрезентации

Следно

Започна отстранувањето на Амонијакот во Пирот

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop