Барселона ги прекинува сите институционални врски со Израел поради кршење на човековите права

February 9, 2023
1 min read

ОВИЕО (АА) – Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, доцна синоќа објави дека нејзиниот град ги прекинува сите институционални односи со Израел поради „постојаното кршење на човековите права на палестинското население и непочитување на Резолуцијата на Обединетите нации“, пренесува „Анадолу“.

Во објавата на Инстаграм, крајно левичарската градоначалничка истакна дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекла дека Барселона „нема да одржува институционални односи со неговата влада“.

Прекинот на односите вклучува раскинување на договорот за збратимување на Барселона и Тел Авив, потпишан во 1998 година.

Колау рече дека одлуката за прекин на односите со израелската Влада доаѓа по барање на повеќе од 100 ентитети и 1.000 жители на Барселона.

Градоначалничката на Барселона додаде дека, иако каталонската престолнина повеќе нема да се занимава со израелската држава, ќе продолжи да соработува со палестинските и израелските ентитети „кои работа за мир и против апартхејдот“.

Федерацијата на еврејски заедници во Шпанија соопшти дека ја отфрла одлуката на Градот Барселона, за која тврди дека е донесена „без дебата“ и дека не го претставува градот и неговите граѓани.

Коалицијата „Ставање крај на соучесништвото со Израел“ (Prou Complicitat amb Israel) во јануари започна кампања со испраќање отворено писмо до градоначалничката на Барселона, барајќи од неа да го раскине договорот со Тел Авив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот потпретседател Октај: Во силните земјотреси 14.351 загинат

Следно

Нови дојави за бомби: Се евакуираат училишта низ Скопје

Latest from Blog

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти

Хоџиќ: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) оцени дека државата се наоѓа во длабока општествена криза и порача дека е неопходна демократска мобилизација за враќање на европскиот курс на земјата. Овие

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата

Одрон на патот што го поврзува граничниот премин Требиште – Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија

Поради одрон на патот што ја поврзува областа Голо Брдо со граничниот премин Требиште – Џепиште кој ја поврзува Албанија со Македонија сообраќајот на оваа делница е отежнат. Овој пат е од
Go toTop