Ковачки до Пендаровски: Оставка веднаш, пред 2 години излажа дека ќе им помогнеш на болните од цистична фиброза, ништо не направи, а човекот кој го злоупотреби и се сликаше почина

February 9, 2023
1 min read

Во текот на вчерашниот ден целата македонска јавност беше сведок на трулоста на системот воден од ДУИ и СДС. Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски со години ги злоупотребуваат трагичните судбини на болните од цистична фиброза ветувајќи им лек, се сликаа со нив, ги користеа за себе промоција и на крај ги оставија без нужниот медицински третман, резултат е починат наш сограѓанин на кого Стево Пендаровски лично му ветуваше помош, истакнува Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-После неколку години чекање за набавка на лек и организирање на протести со молење за помош за спас, Власта остана одлепена од реалноста и со игнорантскиот однос уште еднаш докажа дека е глува на барањата на своите граѓани. Ова е фотографија од вест објавена на 15 јуни 2021 година, од Стево Пендаровски со сега веќе починатиот наш сограѓанин Благојче Илиевски, на кого тој му вети помош и лична заложба, но 2 години ништо не направи. Соопштението од страна на претседателскиот кабинет по средбата на Пендаровски со Здружението на болни од цистична фиброза, уште стои на веб страната на оваа институција, но заложбите на Пендаровски останаа само ветување и злоупотреба на случајот на 130 наши сограѓани во политички цели, вели тој.

Посочува дека големата желба за лична промоција, како и отсуството на одговорност кај претседателот на државата Стево Пендаровски, не им помогна на луѓето што бараа негова помош, иако истата тој им ја вети.

„Токму на примерот на односот на власта и на носителите на највисоките државни функции кон поедини граѓани, се гледа колку е распаднат системот и колку тој не функционира.

Оваа влада, само за оваа година ќе потроши 5.3 милијарди евра и секојдневно се задолжува за да се луксузира со нови возила, скапи гозби по ресторани, а нема ниту желба ниту се способни да набават лек што е достапен во сите држави, освен во Македонија и Косово.

Кога власта има 5.3 милијарди евра буџет, кој гледаме дека го користи само за крадење, може да одвои мал дел и да обезбеди лекови и неопходни третмани за нашите сограѓани со сериозни здравствени проблеми. Кога не работат на проекти и дела, можат барем да обезбедат лекови за тие наши сограѓани кои имаат потреба од истите за да не се мачат.

Уште колку наши сограѓани треба да ги загубат своите животи, за Пендаровски и Ковачевски да сфатат дека тие се на позициите на кои се за да му служат на народот?

Ова ли се тие европските вредности? Да си ги лажете своите граѓани за личен интерес, притоа истите да умираат, а вам око да не ви трепнува?

Оставки и одговорност. Стево Пендаровски, биди доблесен и поднеси оставка веднаш“ – вели Ковачки.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Помошта за настраданите во земјотресот во Сирија „не смее да се политизира“, тврдат од ОН

Следно

Европските лидери ќе ги повикаат Србија и Косово да ја „искористат историската шанса“ што ја нуди планот на ЕУ

Latest from Blog

Турскиот селектор по елиминцијата: Ова се случува еднаш во 50 години

ФОТО:.sporx.com/ Турската репрезентација се збогува со Светското првенство во 2026 година откако беше поразена со 1-0 од Парагвај во клучен натпревар од Групата Д. По болното елиминирање, италијанскиот стручњак на клупата на

Стејт департмент: Наредната рунда преговори меѓу Либан и Израел ќе се одржи во Вашингтон

За време на разговорите, Рубио „ја повтори потребата од разоружување“ на Хезболах и ја потврди „поддршката на Америка за напорите на владата во Бејрут за создавање целосно суверена либанска држава која е

Никола Ѓурѓај за „Нова Македонија“: 29. Семинар на АГСМ е мост меѓу Македонците од целиот свет

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,
Go toTop