Бројот на загинати во Турција и Сирија се искачи на речиси 16 000

February 9, 2023
1 min read

Се очекува бројот на загинати нагло да се зголеми бидејќи спасувачките напори ја минуваат границата од 72 часа што експертите за катастрофи го сметаат за најверојатен период за спасување животи

По повеќе од 72 часа по катастрофалниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтеровата скала кој ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, бројот на загинати достигна речиси 16 000.

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Според последниот црн биланс, бројот на загинати во Турција се искачи на 12 873, а во Сирија има вкупно 2 992 жртви во земјотресот. Со ова, вкупниот број на загинати во двете земји се искачи на 15 865.

Бројот на загинати во земјотресот се очекува нагло да се зголеми бидејќи спасувачките напори ја минуваат границата од 72 часа што експертите за катастрофи го сметаат за најверојатен период за спасување животи.

„Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотресот се спасени во првите три дена“,

изјави за АФП Илан Келман, професор по катастрофи и здравје на Универзитетскиот колеџ во Лондон. 

Хуманитарните организации предупредуваат дека билансот на загинати веројатно значително ќе се зголеми, особено во Сирија, бидејќи тимовите за пребарување и спасување трагаат низ урнатините на илјадници урнати згради во услови на многу ниски температури, соочени со ризик од последователни потреси.

Низ целиот регион повредени се десетици илјади луѓе.

Во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба во 10 провинции, а помош за погодените од земјотресот пристигнува од целиот свет.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Белгија доби нов селектор

Следно

Над 16.000 загинати во земјотресот во Турција и во Сирија, клучните 72 часа поминаа

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop