Сведоштво на сириски лекар: Брановите на повредени од земјотресот што пристигаа беа позастрашувачки од оние во војната

February 8, 2023
1 min read

„Првиот масовен бран на пациенти ги надмина способностите на кој било медицински тим. Случаите кои пристигнуваат на лекување од гранатирање и воздушни бомбардирања доаѓаат еден по друг, во мали бранови, но земјотресот носеше по 500 жртви секој ден, за кои беа потребни десетици операции“, вели 34-годишниот хирург Мохамед Зитун од Алепо

Според последните податоци, вкупниот број на загинати во Турција и во Сирија по разорниот земјотрес во понеделникот се искачи на најмалку 12 049 лица, пренесува „Гардијан“

Сириски лекар од Алепо, кој бил сведок на ужасите од граѓанската војната во неговата земјата, вели дека брановите на повредени од земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија биле позастрашувачки отколку оние за време на 11-годишната војна. 

Спасувачки екипи на местото на урната зграда во регионот Идлиб во Северозападна Сирија/Фото: EPA-EFE/YAHYA NEMAH

Триесет и четиригодишниот хирург Мохамед Зитун од Алепо кој работи во болница во близина на границата со Турција во изјава за „Ројтерс“ вели дека станува збор за огромна несреќа.  

„Живеев во услови на постојани гранатирања и преживеав масакри. Ова е нешто сосема поинакво, застрашувачко и ужасно. Првиот масовен бран на пациенти ги надмина способностите на кој било медицински тим. Случаите кои пристигнуваат на лекување од гранатирање и воздушни бомбардирања доаѓаат еден по друг, во мали бранови, но земјотресот носеше по 500 жртви секој ден, за кои беа потребни десетици операции. Многу од повредените умираат во рок од час или два како резултат на траума, шок, срцева слабост или крвавење, особено поради тоа што времето е студено, а тие биле под урнатините единаесет или дванаесет часа“,

вели лекарот.  

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу денеска изјави дека Турција работи на отворање на уште два гранични премини со Сирија за да овозможи побрз проток на хумантирана помош во соседната земја, пренесува „Гардијан“.  

Тој во изјава за медиумите рекол дека патот што води до граничниот премин „Чилвегозу“, отворен исклучиво за хуманитарна помош како дел од овластувањето на Советот за безбедност на Обединетите нации, е доста оштетен, што предизвикува потешкотии во обезбедувањето помош.    

„Има одредени потешкотии во однос на помошта што од Турција и од меѓународната заедница пристигнува во Сирија. Поради ова се прават напори да се отворат уште два гранични премини“,

изјавил Чавушоглу.  

Според последните податоци, вкупниот број на загинати во Турција и во Сирија по разорниот земјотрес во понеделникот се искачи на најмалку 12 049 лица, јавуваат светските медиуми. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во посета на преживеани по разорниот земјотрес во регионот Кахраманмараш/Фото: EPA-EFE/MURAT CETINMUHURDAR/TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFICE/HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Новите податоци доаѓаат откако сириската цивилна одбрана соопшти дека најмалку 1 730 луѓе загинале во северозападна Сирија, а повеќе од 2 850 се повредени. 

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека црниот биланс од земјотресот во неговата земја се искачи на 9 057 луѓе.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

За Комитетот на министри на Советот на Европа нема системска дискриминација врз Бугарите во С Македонија

Следно

Марија Павловска добитничка на престижната меѓународна награда „Донатело“ на Фондацијата ‘Fondazione Effetto Arte’ во Палатата Боргезе во Фиренца

Latest from Blog

Ремзи остана без зборови од цените на храната во Франција: „Не сум скржав, но што по ѓаволите?“

Ремзи често нагласува дека неговите јадења се фокусираат на квалитет и вредност и често дава совети за нарачка и добивање вредност за парите. Но, се чини дека еден француски ресторан добил контрапрепорака.

Високото образование – стратешки приоритет за Чаир, порача Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека високото образование претставува стратешки приоритет кој го гарантира развојот на општеството, иновациите и

Поради неидентификуван летачки објект, летовите на аеродромот во Вилнус се прекинати

Сите летови на главниот аеродром во Вилнус беа привремено прекинати утрово поради безбедносни процедури, откако во воздушниот простор беше забележан неидентификуван летачки објект. Информацијата првпат ја објави литванската агенција за контрола на

Независниот Николовски со поддршка од Левица за подобра Битола

Првиот човек на партијата Левица во Битола, советникот Горан Велевски дава јавно образложение зошто застанаа зад кандидатурата на независниот кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски. Велевски вели дека Левица застана
Go toTop