За Комитетот на министри на Советот на Европа нема системска дискриминација врз Бугарите во С Македонија

February 8, 2023
3 mins read

Во Резолуцијата никаде не се спомнува терминот системска дискриминација, што било обид на Бугарија да се вметне преку амандмани за време на дебатата во Советот на Европа

Комитетот на министри на Советот на Европа на денешната седница ја усвои Резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија во која никаде не се спомнува терминот системска дискриминација, нешто на што, како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, инсистирала Бугарија да биде вметнато преку амандмани.

Во делот на „Препораки за итна акција“ во Резолуцијата се наведува:

Да се преземат понатамошни чекори кон промоција на интегрирано општество кое се заснова на почит и доверба помеѓу различните заедници. За да се обезбеди одржливост на стратегијата „Едно општество за сите“, властите треба да обезбедат политичка поддршка на високо ниво, солидно финансирање и достапност на практичарите во образованието, медиумите и граѓанското општество, како и пошироката јавност. Понатаму, се повикуваат надлежните да спроведат интеркултурен пристап до образованието преку распределба на соодветни ресурси. Да има поредовни контакти меѓу учениците со различна етничка припадност и да се обезбедат мешани средини во училиштата и училниците;

Да се зголемат напорите за спречување на случаите на кршење на човековите права на Ромите од страна на полицијата. Понатаму, властите треба да обезбедат дека надзорните механизми во рамките на Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и Канцеларијата на Народниот правобранител се ефективни и дека наводните случаи на полицијата за недоличното однесување се истражени и соодветно санкционирани;

Подобрување на пристапот на децата Роми до квалитетно образование преку зајакнување на добрите практики како што се образовни посредници, стипендии и образовни додатоци и тоа да им се обзнани на родителите Роми. Надлежните треба да го зголемат и уписот во предучилишните установи и решително да се осврнат на де факто сегрегираното образование. Понатаму, властите се повикани да обезбедат Ромите да имаат практично пристап до законски гарантираните бесплатни здравствени услуги, вклучително и дијагноза, третман и вакцинација поврзана со ковид-19. Посебно внимание треба да се посвети на пристапот до услуги и информации за репродуктивно здравје за Ромките. Властите треба да инвестираат повеќе во регрутирање и обука на ромски здравствени медијатори и лекари, особено меѓу жените“.

Во делот на дополнителните препораки се наведува:

Да се обезбедат потребните ресурси за Комисијата за заштита и спречување од дискриминација и Народниот правобранител за да можат самостојно и ефективно да ги исполнуваат своите мандати;

Да се обезбеди наменски и одржливо финансирање на ниво кое ги задоволува културните потреби на лицата кои припаѓаат на националните малцинства и да продолжат напорите за зајакнување на инклузивниот пристап кон културна политика;

Да се осигура дека инцидентите на криминал од омраза и говорот на омраза се навремено идентификувани, евидентирани и ефективно истражени и дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. На постојните иницијативи против говорот на омраза на интернет, како што се Советот за етика во медиумите и Регистарот на професионални и етички онлајн медиуми, треба да им се даде сета потребна поддршка;

Да се распределат доволно ресурси за редакциите на јазикот на малцинствата во јавниот радиодифузен сервис. Властите исто така треба да обезбедат јавната радиодифузија доследно да промовира меѓукултурна почит и
разбирање, а со тоа да придонесува за интеграција на општеството. Властите да размислат и за обезбедување поддршка за печатени или онлајн медиуми за бројно помалите малцинства;

Подобрување на имплементацијата на Законот за употреба на јазиците преку значително зголемување на инвестициите во обука и регрутирање на преведувачи и толкувачи и континуирано оценување на неговото влијание. Одредбите на законот за јазичните права на бројно помалите национални малцинства треба да бидат
разјаснети;

Подобрување на условите за настава на јазиците на малцинствата. Властите треба да ги разгледаат можностите за поттикнување на познавање на јазиците на малцинствата, особено албанскиот, кај децата од мнозинството;

Зголемување на социо-економското учество на лицата кои припаѓаат на националните малцинства кои живеат во руралните области преку инвестирање во инфраструктура и можности за вработување и насочена поддршка за младите припадници на малцинствата;

Да се зголеми, во тесна соработка со претставниците на Ромите, учеството на Ромите на пазарот на трудот преку програми кои се специјално прилагодени на соодветните целни групи, вклучително и жените Ромки, и да се осигури дека пандемијата од ковид-19 нема несразмерно да влијае на социо- економско учество на Ромите.

Во Резолуцијата никаде не се спомнува терминот системска дискриминација, што било обид на Бугарија да се вметне преку амандмани за време на дебатата во Советот на Европа.

„Ниту една земја членка на Советот на Европа не даде поддршка. Тоа е поради тоа што ние сме докажале во пракса дека нема системска дискриминација и формулацијата системска дискриминација не влезе во таа резолуција. Ние мора да сме внимателни тоа да се случи и во Европската Унија“,

подвлече Османи во Собранието на седница посветена на пратенички прашања.

Резолуцијата се однесува на спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства која Северна Македонија ја има ратификувано на 10 април 1997 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Емотивна средба на татко и 1,5-годишната ќерка по извлекувањето, 55 часа по земјотресите

Следно

Сведоштво на сириски лекар: Брановите на повредени од земјотресот што пристигаа беа позастрашувачки од оние во војната

Latest from Blog

Проданоски: Во Прилеп следува инвестициски циклус тежок 990 милиони денари

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека во изминатите девет месеци локалната самоуправа реализирала значајни активности и обезбедила инвестиции во вредност од 990 милиони денари за капитални проекти. Според Проданоски, преку

Воз опкружен со пожар во Канада, машиновозачот снимен како поминува низ пламен (ВИДЕО)

Снимките од Армстронг, Онтарио, покажуваат товарен воз во пламен, а небото над Монтреал стана жолто во вторник наутро од чадот што се издига од пожарите стотици километри оддалечени во северен Квебек и

Рокот истекува, изборните измени во ќор-сокак

До вечерва на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик согласно европската агенда. Договор помеѓу партиите сè уште нема на повидок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кај опозицијата нема

Министерство за енергетика: Со поддршка од САД се гради систем за одбрана од дигитални закани

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Амбасадата на САД презема сет мерки за заштита од потенцијалните закани врз
Go toTop