Денеска е Преподобен Онуфриј Велики

June 25, 2024
1 min read

Овој светител живееше во четвртиот век. За свети Онуфриј инаку не се знаеше ништо се до пред неговата смрт. Тогаш, по Божја промисла, монахот Пафнутиј во пустината се сретна со еден чуден човек, целиот обраснат во бели влакна, со брада и коса што ја допираа земјата. Овој го повика по име, а потоа му го раскажа својот живот.

Свети Онуфриј живееше во пустината во подвиг цели 60 години, хранејќи се најмногу со Божјите зборови, а и со тоа што Бог даваше да расте во пустината.

На крајот Бог промисли преку монахот Пафнутиј да се дознае и зачува ова чудесно сведоштво. Свети Онуфриј се упокои следниот ден по посетата на Пафнутиј, во 400 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саутгејт: Многу сме мотивирани во пресрет на натпреварот против Словенија

Следно

Убиени сестрата и членови на семејството на шефот на Хамас во израелски напад врз Газа

Latest from Blog

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop