Голем концерт на Андријана Петрушовска во своето родно Драчево: Дојде мојот ред да ви покажам колку ми значите!

June 24, 2024
1 min read

Финалистката на „Ѕвездите на Гранд“, младата и популарна пејачка Андријана Петрушовска на 30.06 (недела) во скопската населба Драчево ќе одржи голем концерт и на тој начин ќе се заблагодари за поддршката која ја добиваше изминативе месеци додека се натпреваруваше во музичкото шоу.

Локацијата за овој музички настан воопшто не е случајна, бидејќи Андријана својата кариера започна да ја гради токму од Драчево, каде што е родена и живее денес.

„Дојде мојот ред за да ви покажам колку ми значите! Моето благодарам за огромната поддршка, љубов и енергија кои безрезервно ми ги давате цело време, преточено во дело! Сакам да пееме и да си поминеме незаборавно заедно, затоа ве чекам сите на 30.06“ – напиша Петрушовска на социјалните мрежи каде го најави својот концерт.

Таа откри дека на концеротот ќе има и специјални гости, а тоа се нејзините колеги: Мики Секуловски и Александар Јосифовски.

Концертот ќе има и хуманитарна нота, а влезници нема да се наплаќаат.

Од тимот на Петрушовска ветуваат забава за паметење…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските ракометарки испуштија победа против Португалија

Следно

Мицкоски за ТВ 24: Луѓето од 27ми април не бараат амнестија, туку правда

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop