Герапетритис: Неупотребата на уставното име на Северна Македонија е кршење на Договорот од Преспа

June 24, 2024
1 min read

Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК). 

– Договорот од Преспа предвидува име на државата кое ќе биде едно и единствено за севкупна употреба, а тоа е Северна Македонија, рече Герапетритис. 

Тој нагласи дека сите мора да сфатат дека меѓународното право е основа на глобалниот мир и безбедност и дека тоа не е процес во кој ќе се избира тоа што некому одговара. 

– Неприфатливо и незамисливо е членство во Европската Унија без целосна имплементација на европското законодавство и на меѓународното право и меѓународните договори, додаде Герапетритис.   

Според него, Грција отсекогаш била движечка сила во пристапниот процес на земјите од Западниот Балкан во ЕУ и таа и натаму смета дека тоа е најдобриот пат и за државите од регионот и за Унијата.   

Герапетритис ги осуди и заканите упатени од страна на Хамас кон Кипар, поради наводна поддршка на Израел. 

– Се наоѓаме среде две ужасни војни – руската агресија врз Украина и војната на Блискиот Исток, кои за жал се во состојба на ескалација. Особено на Блискиот Исток, кога бевме инспирирани со надеж дека имаме мировна формула и мировен процес, сега имаме ескалација без никаков почит, изјави Герапетритис. 

Тој истакна дека за Грција е апсолутно неприфатливо да се упатуваат закани кон суверена земја членка на Европската Унија , како што е Кипар. 

– Сите стоиме зад Кипар и ќе бидат заедно во однос на сите глобални закани што доаѓаат од која било терористичка организација, нагласи Герапетритис. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се поизвесна војната помеѓу Израел и Хезболах

Следно

Состојбата на Варга е стабилна, тој е под опсервација во болница

Latest from Blog

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop