Се поизвесна војната помеѓу Израел и Хезболах

June 24, 2024
2 mins read

Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас меѓународната заедница предупредува на  проширувањето на конфликтот низ целиот регион и вклучување на Иран поотворено отколку за време на конфликтите што се водеа меѓу Израел и Хезболах во 1996 и 2006 година.

Иран во април испрати порака со тоа што директно го нападна Израел од своја територија, нешто што се сметаше за незамисливо со децении.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш претходно изјави дека ширењето на војната во Либан би било „катастрофа која ја надминува секоја имагинација“.

Откако Израел пред осум месеци одговори на нападот на Хамас и почна воена операција во Појасот Газа, почнаа и борбите со Хезболах на израелско-либанската граница, но се под прагот на отворена војна.

Хезболах тврди дека од октомври извршил повеќе од 2.000 напади врз Израел. Во споредичните напади во Либан убиени се над 400 луѓе, главно униформирани борци, но и 70 цивили. На израелска страна загинаа 16 војници и 11 цивили. Проиранското движење соопшти дека ќе ги прекине непријателствата само кога ќе се постигне договор во Појасот Газа.

Хезболах минатата недела објави видеоснимка направена од дрон од пристаништето Хаифа и други воени цели во северен Израел, вклучувајќи ги Железната купола и системите за воздушна одбрана Давидов чатал.

Изминатите денови заострена е реториката на израелските владини претставници. Шефот на израелската дипломатија Израел Кац го предупреди Хезболах дека ќе биде уништен во случај на тотална војна и дека Израел е многу блиску до промена на позицијата против Хезболах и Либан.

Во исто време, израелската армија објави дека командантите на ИДФ ги одобриле оперативните борбени планови за напад преку северната граница на Израел и се чека само зелено светло од премиерот Бенјамин Нетанјаху.

И лидерот на Хезболах, Хасан Насралах се закани дека Израел нема никаде да биде безбеден во случај на војна. Тој предупреди и дека војната може да се прошири многу подалеку од Левантот, дури и до Кипар, доколку Израел ги користи кипарскиот аеродром и логистичките капацитети.

Ситуацијата во Медитеранот целосно ќе се промени. Хезболах ќе се бори со сите средства и без граници, предупреди Насралах.

Тој посочи и дека милитантните лидери од Иран, Ирак, Сирија, Јемен и други земји понудиле да испратат десетици илјади борци да му помогнат на Хезболах, но нагласи дека неговата организација веќе има повеќе од 100.000 борци.

Последниот голем конфликт меѓу Израел и Хезболах беше летото 2006 година и траеше 34 дена. Околу 1.200 луѓе загинаа во конфликтот во Либан и 140 во Израел. Но, Хезболах денес е многу подобро вооружен. Се проценува дека има арсенал од 40.000 до 120.000 ракети и јасно стави до знаење дека ќе ја однесе борбата до срцето на Израел.

Во меѓувреме американските власти соопштија дека се сериозно загрижени оти во случај на отворена војна меѓу Израел и Хезболах, милитантната група поддржана од Иран може да ја совлада противвоздушната одбрана на Израел во северниот дел на земјата, вклучително и системот за воздушна одбрана Железна купола. На почетокот на месецот Хезболах објави видео на кое наводно се гледа како дрон напаѓа и оштетува батерија од Железна купола во воена база во северен Израел. Израелските медиуми објавија дека тоа е прв документиран случај на таков напад.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гром удри во СЦ „Јане Сандански“, меч од СП мораше да се доигрува во „Борис Трајковски“

Следно

Герапетритис: Неупотребата на уставното име на Северна Македонија е кршење на Договорот од Преспа

Latest from Blog

ПОЖАРОТ НА КРИТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Изгорени се куќи, хотелите се загрозени, луѓе евакуирани со чамци (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во попладневните часови во среда (2 јули) во земјоделско-шумарска област, во градот Ахља во областа Ласити на Крит, избувна. Малку пред 20:30 часот, од бројот 112 е испратена нова

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување

Марк Ферстапен се сели во Мерцедес?

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Во неколку израелски напади низ Појасот Газа убиени 23 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат
Go toTop