Турските сили неутрализираа 5 терористи, меѓу кои еден од црвената категорија на барани

June 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Безбедносните сили во источна Туркије неутрализираа пет терористи, вклучително и еден од најбараната црвена категорија, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликаја, пренесува Анадолу.

„Пет терористи се неутрализирани во руралните области на Догубајазит во областа Агри, и во селото Паламут во Хасанкејф во областа Батман, во операциите „БОЗДОГАН-43“, соопшти Јерликаја преку платформата Х.

Еден од петмината неутрализирани во операциите е терористот по име Јилмаз Онер, истакна Јерликаја.

Онер, познат и по неговото кодно име „Шехмус Малазгирт“, беше во црвената категорија на барани на Министерството за внатрешни работи. Листата на барани е поделена во пет категории, во црвената се категоризирани најбараните, а потоа следат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.

Тројца од неутрализираните терористи беа во портокаловата категорија на барани.

Јерликаја рече дека Онер учествувал во вкупно 18 терористички напади во кои загинаа 27 припадници на безбедносните сили и четворица цивили, додека 68 припадници на безбедносните сили и двајца цивили беа повредени.

Утврдено е и дека Онер дал наредба да за тие терористички напади, додаде министерот.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Уништени се околу 67 % од водоводната и санитарната инфраструктура во Газа“, објави УНРВА

Следно

ЕУ воведува 14-ти пакет санкции за Русија

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop