Општина Илинден со поддршка за младите претприемачи

February 8, 2023
1 min read

Општина Илинден објавува Јавен повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за поддршка на младите претприемачи. Јавниот повик е согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.

Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари, а барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

– Право на учество на Јавниот повик може да оствари секое полнолетно лице со навршени најмногу 30 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2023 година со седиште на територија на општина Илинден. За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk., информираат од општината.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган тргна за Кахраманмараш кој е погоден од земјотресот

Следно

Речиси 10 000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop