(ФОТО+ВИДЕО) Путин сам присуствуваше на божиќната богослужба во црква во Кремљ

January 7, 2023
1 min read

„Овој спокоен празник инспирира благородни дела и стремежи и служи за зајакнување на вечните духовни вредности како милоста, емпатијата, добрината и правдата“, порача рускиот претседател во божиќната честитка

Рускиот претседател Владимир Путин сам присуствуваше на божиќната богослужба во православната црква Благовештение во Кремљ, наместо да им се придружи на другите верници во јавната прослава.

Судејќи според фотографиите објавени од Кремљ, рускиот претседател стоел сам додека свештениците ја одржувале богослужбата.

Фото: Кремљ

Покрај фотографиите од богослужбата, на веб-страницата на Кремљ е објавена и честитката која Путин ја испратил до православните верници по повод Христовото раѓање кое Руската православна црква го слави на 7 јануари.

„Овој спокоен празник инспирира благородни дела и стремежи и служи за зајакнување на вечните духовни вредности како милоста, емпатијата, добрината и правдата“,

стои во божиќната порака на Путин.

Во пораката тој јасно става до знаење дека ја гледа Руската православна црква како важна стабилизирачка сила за, како што вели, обединување на општеството, зачувување на историската меморија, едукација на младите и зајакнување на семејството како институција.

„Црковните организации имаат приоритет на негување меѓуетнички и меѓуверски мир и хармонија во нашата земја, грижа за сиромашните и поддршка на нашите воини кои учествуваат во специјалната воена операција. Таквата масовна, сложена и навистина несебична работа заслужува искрена почит“,

се додава во пораката.

Во петокот, Путин нареди 36-часовен прекин на огнот за време на Бадник и Божиќ, но Киев го отфрли бидејќи смета дека Русија ќе го искористи како фронт за да го запре напредувањето на Украина во источниот регион Донбас и да испорача повеќе луѓе и опрема.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НА ОВОЈ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СЕ ЧЕКА РЕКОРДНИ 6 ЧАСА – за два дена поминале вкупно 35.000 патници, хаосот вечерва уште поголем! (ВИДЕО)

Следно

Српска листа за утре најави протест во Штрпце поради нападите на Србите во Косово

Latest from Blog

Македонски Телеком и Комерцијална банка ја предводеа ликвидноста, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Скопје, 5 мај 2026 година – Македонската берза ја заврши денешната сесија со МБИ10 на 9.955,12 поени, што

Пелистер станува четирисезонски туристички центар со план за гондола од 58 милиони евра

Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“. На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна

Виноскоп ја отвора сезоната на отворено со петдневна фестивалска програма

Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски

Трамп: „Победивме“

Во телефонско интервју за „CBS News“ вчера попладне, Трамп одби да каже дали примирјето со Иран е завршено откако Иран испали ракети кон Обединетите Арапски Емирати, но рече дека војната може да
Go toTop