Роналдо собори уште еден рекорд

June 12, 2024
1 min read

Напаѓачот на репрезентацијата на Португалија и саудискиот клуб Ал-Наср, Кристијано Роналдо постави светски рекорд по бројот на одиграни натпревари на меѓународно ниво, објави Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Роналдо постигна два гола на пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Ирска (3:0), кој беше број 1.226 за напаѓачот. На овој резултат, тој го надмина поранешниот голман на Бразил и Сао Паоло, Рожерио Цени, кој има 1.225 настапи. Според статистиката, Роналдо има учествувано на 698 натпревари во првенствата на Португалија, Англија, Шпанија, Италија и Саудиска Арабија. Португалецот има уште 101 натпревар во Куп и Супер куп турнирите на овие земји. Покрај тоа, напаѓачот има одиграно 220 натпревари во клупските натпреварувања и 207 за репрезентацијата на Португалија.

Триесет и девет-годишниот Роналдо е петкратен освојувач на „Златната топка“, петкратен освојувач на Лигата на шампионите, европски првак и освојувач на Лигата на нации. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на репрезентациите, европските првенства, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Во текот на својата кариера, тој играше за Реал Мадрид, станувајќи најдобар стрелец во историјата на клубот, за англискиот Манчестер Јунајтед, италијанскиот Јувентус и португалскиот Спортинг (Лисабон). Во декември 2022 година, Роналдо се пресели во Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Следно

Опра Винфри итно хоспитализирана

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop