Хантер Бајден осуден, можни 25 години затвор

June 11, 2024
1 min read

Поротата во судот во Делавер реши дека Хантер Бајден  е виновен за сите три обвиненија поврзани со негова илегална набавка на огнено оружје додека бил на дроги во 2018 година.

На Хантер Бајден му се заканува затворска казна до 25 години, иако како сефте сторител, тешко дека ќе ја добие максималната казна. Датумот на изрекување на пресудата сè уште не е одреден.

На поротата ѝ требале само три часа да донесе пресуда која дошла  толку брзо што многу членови на семејството Бајден, вклучително и првата дама, не биле присутни кога беше објавена.

Несекојдневното судење – прво за син на актуелен претседател – извадило интимни детали за семејството Бајден, вклучително и сведочења на поранешни романтични партнери на Хантер. Се зборувало за секс и зависности при што обвинителството го прикажа Хантер како богат и лажлив зависник од крек, додека одбраната тврдеше дека тој е добронамерен, семејно ориентиран човек кој се бори со болест.

Вдовицата на Бо Бајден (постариот син на Џо и Џил Бајден кој почина во 2015), која имала сексуална афера со Хантер, сведочеше дека деверот ја запознал со крек кокаинот и дека често ја лажел каде е и што прави.

Кетлин Буле, која се разведе од Хантер во 2017 година, сведочеше дека често ја чистела неговата кола бидејќи не сакала ќерките, кога ќе ја позајмат, да се возат во автомобил полн со дрога.

Во септември чека судење за даночно затајување.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

Следно

Ова растение треба да го има во секоја куќа: Носи среќа и пари, но мора да бидете внимателни

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop