Египет повика на итни чекори за ставање крај на израелската војна во Газа

June 11, 2024
1 min read

КАИРО (АА) – Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска повика на итни чекори за запирање на тековниот напад на Израел врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Хуманитарната криза без преседан во Појасот Газа е директна одговорност на израелската окупација“, рече Сиси во говорот на Конференцијата за итна помош за Појасот Газа, чиј домаќин е Јордан.

Тој повика на „итни, ефективни и сериозни чекори“ за ставање крај на војната во Газа и ослободување на заложниците и затворениците.

Египетскиот лидер, исто така, повика на спроведување на меѓународните резолуции за запирање на нападот врз Газа, принудување на Израел да престане да користи тактики за гладување против Палестинците и да стави крај на опсадата на Газа.

Конференцијата за хуманитарна помош насловена „Повик за акција: Итен хуманитарен одговор за Газа“ беше заеднички организирана од Јордан, Египет и Обединетите нации (ОН).

Израел од 7 октомври минатата година врши континуирани напади врз Појасот Газа, во кои досега беа убиени речиси 37.100 Палестинци, главно жени и деца, а речиси 84.800 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дарко Лазиќ ќе добие ќерка: Бремената Катарина избра слатко име за бебето

Следно

Макрон: Нема да поднесам оставка без разлика на резултатот о француските избори

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop