Костадиновска-Стојчевска: Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО што е потврда на нашите политики за зачувување на статусот на Охридскиот Регион

February 7, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на официјалната посета на Париз, оствари средба со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура, и со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо.

„Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО со што ги потврдуваме нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион“, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Во годината кога одбележуваме 30 години од нашето членство во УНЕСКО, на средбата беа поздравени напорите меѓу владите и националните комисии на Република Македонија и на Албанија во однос на имплементација на препораките на УНЕСКО кои се однесуваат на Охридскиот Регион.

На состанокот Костадиновска-Стојчевска посочи дека Владата на Македонија останува целосно посветена на успешната имплементација на Конвенцијата за светско наследство и во соработка со сите релевантни државни институции, општини, како и со граѓанското општество, ги интензивира напорите за имплементација на препораките што произлегуваат од одлуките на Комитетот за светско наследство и на Реактивните мониторинг мисии.

Министерката за култура информираше и дека, како заеднички документ со Република Албанија, е доставен ажурираниот Извештај за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство, со Стратегискиот план за рехабилитација на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2023 – 2030).

Костадиновска-Стојчевска истакна дека сме свесни за потребата од понатамошни континуирани напори во согласност со препораките за справување со идентификуваните ранливости и закани, и изрази надеж дека на 45. сесија на Комитетот за светско наследство, што ќе се одржи во септември во Ријад, Саудиска Арабија, ќе се усвои одлука со која Природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе остане на Листата на светско наследство.

Министерката за култура се заблагодари на Центарот за светско наследство за доделената меѓународна помош со средства од Фондот за светско наследство во износ од 55.000 долари за реализација на проект на НУ Завод и музеј – Охрид, кој е од особена важност за надградба на знаењата и капацитетите на стручните лица што работат во оваа установа.

Во седиштето на УНЕСКО, во Париз, од 7 до 10 февруари се одржува 16. сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита и унапредување на разноводноста на културните изразувања. Имајќи предвид дека нашата држава не е членка на овој Комитет, но е држава членка на Конвенцијата, на состанокот ќе учествува министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, заедно со Татјана Краљевска-Лазарова, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, во својство на набљудувачи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Скопјани, на два пункта, масовно донираат за настраданите во земјотресот

Следно

Ако имате играно за 755 милиони долари, вие не сте среќниот добитник

Latest from Blog

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.
Go toTop