Во Тирана утре почнува 51. Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа

June 10, 2024
1 min read

Во Тирана од 11 до 13 месецов ќе се одржи 51. Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа.

– Министерството за внатрешни работи и Генералниот директорат на државната полиција во соработка со Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ – Меѓународната организација за криминалистичка полиција, ќе ја одржат 51-та Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа во Тирана. Ќе учествуваат околу 200 претставници од агенциите за спроведување на законот на европските земји и пошироко, стои во соопштението на албанското МВР.

Се додава дека оваа конференција е најважната активност на ИНТЕРПОЛ во Европа, на која “високи лидери од земјите членки ќе имаат можност да разменат искуства и да донесат одлуки за напредокот на мерките на органите на прогонот во борбата против меѓународниот организиран криминал”.

– Во текот на деновите на конференцијата ќе има излагања на високи државни функционери на Албанија и лидерите на ИНТЕРПОЛ. Утре во Конгресната палата ќе се одржи и официјална конференција за медиумите, стои во соопштението.

Албанија беше примена за членка на Меѓународната организација за криминалистичка полиција во 1991 година, откако беше донесена одлука на Генералното собрание на оваа организација, која денес се смета за втора по големина организација по Обединетите нации.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анализа: Отпакување на резултатите од изборите за Европскиот парламент

Следно

ОН: Во израелските напади се уништени повеќе од половина згради во Газа

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop