Интровертните деца израснуваат во внимателни личности

June 10, 2024
1 min read

Според истражувањата на „Мајерс-Бригс компани“ (The ​​Myers-Briggs Company), во светот, 56,8 отсто од луѓето се интроверти. А, интересно е што интровертните деца подоцна во зрелоста имаат многу позитивни особини. Психологот д-р Џесика Рибеиро од САД ја дефинира интровертноста како својство што се одликува со претпочитање тивки, а по малку стимулирачки средини и активности.

– Интровертите се склони да бидат уште поинтровертни, сосредоточувајќи се на внатрешните мисли, чувства и расположенија, наместо да бараат надворешна стимулација. Ова не значи дека не ги сакаат луѓето, но социјалната интеракција може да биде исцрпувачка за нив, па затоа, за „да си ги наполнат батериите“, бараат осаменост, појасни Рибеиро за порталот „Парада“.

Додека општеството често ги цени екстровертните особини, како што се дружељубивоста и наметливоста, особините развиени од интровертите се исто толку важни и корисни.

– Некои деца едноставно се раѓаат почувствителни на надворешни стимули. Ова може да се пренесе од родителите на децата преку гените. Интровертните родители или – потивкото домаќинство, исто така, може да влијае на природната желба на детето за потивки средини… Да напомнеме и дека на возрасните интроверти не им е потребна поддршката од другите. На интровертите не им треба потврда за сопствената вредност од друг. Во зрелоста, тоа може да резултира со понезависно размислување и помала потреба да се прилагодат на општествените стандарди, забележува психологот.

Така, луѓето кои биле интровертни како деца многу често ги развиваат овие 10 особини како возрасни: Промисленост и анализирачки способности, индивидуалност во работата, емпатија, внимателност, креативност, самосвест, концентрација, комуникациски вештини, тесен круг на пријатели, доверливост и сигурност.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО 13 ГОДИНИ: Се разведува братот на прицезата Дајана, неговите мемоари му пресудија на бракот

Следно

Анализа: Отпакување на резултатите од изборите за Европскиот парламент

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop