Герасимовски: Моја заложба е Центар да биде првата енергетски независна општина во државата

February 7, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека државата, локалните самоуправи, институциите, компаниите, сите двигатели во општеството, но и целиот свет, се наоѓаат во енергетска криза. Овој е тежок период за сите држави и секоја се справува на најдобар начин во однос на капацитетите со кои што располага.

Герасимовски посочи дека општина Центар беше првата општина која почна да ги спроведува препораките на Владата за заштеда на електрична енергија. Соодветното регулирање на уличното осветлување, контролата на потрошувачката на струја и разумното и одговорно трошење на средствата придонесе општината добро да го помине најтешкиот период, без некои големи проблеми со годишниот буџет.

– Општина Центар успешно се справи со трошоците за потрошувачка на струја. Но сакам да појаснам дека станува збор за повеќекратно зголемување на сметките, што на долг рок претставува финансиски проблем за локалните самоуправи. Затоа мерките препорачани и конкретните чекори преземени од Владата, како префрлањето на училиштата од индустриска на тарифа на регулиран пазар за електрична енергија беше навистина неопходно и од огромна помош, изјави Герасимовски.

Општина Центар соопшти дека имаат стабилен буџет и сѐ уште ги применува мерките за штедење. Со домаќинско и одговорно менаџирање Герасимовски додава дека и оваа година општината ќе биде во добро темпо со навремена исплата на сите обврски, вклучувајќи ги и трошоците за електрична енергија.

Општина Центар ќе биде првата општина која формира сопствено Јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. На 14-тата седница, советниците едногласно ја поддржаа иницијативата за основање на општинско јавно претпријатие за производство на електрична енергија. На 16-та седница на Советот, советниците ги изгласаа планот и програмите за развој на Општина Центар за периодот од 2023-та до 2025-та година, во која е содржан и проектот за поставување на фотоволтаици на основните училишта.

– Со поставувањето на фотоволтаици, општината значително ќе заштеди на трошоците за сметки за топлинска и електрична енергија во основните училишта, а средствата ќе може да се пренаменат во други активности важни за жителите. Мојата намера е со реализацијата на овој проект да ја направиме Општина Центар првата енергетски независна општина во државата, заклучува Герасимовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од урнатините спасени уште 5 лица дури 30 часа по земјотресите во Туркије

Следно

Воведена тримесечна вонредна состојба во 10 турски провинции погодени од земјотресот

Latest from Blog

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна

Меџити: Интензивирањето на соработката со Албанија е од заеднички интерес

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.

Во пештерата Самотска Дупка на Галичица утврдена хибернациска колонија лилјаци од видот мал потковичар

 За врема на посетата и извршениот мониторинг на биодиверзитетот утврдена е досега најголемата хибернациска колонија  лилјаци на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Во пештерата се
Go toTop