Изборите за Европскиот парламент во завршница

June 9, 2024
3 mins read

Во земјите од Европската унија (ЕУ) денеска завршува гласачкиот циклус за европските избори, кој започна пред три дена. Изборите за европските претставници се одржуваат во различни денови, а денеска (9 јуни) се гласа во најголем број земји членки.

Изборниот процес за нови пратеници за идниот петгодишен мандат на Европскиот парламент (ЕП) започна во четврток, на 6 јуни. Први гласаа граѓаните на Холандија.

Во петокот на 7 јуни се гласаше во Ирска и Чешка, а изборите во Чешка продолжија и следниот ден.

Во саботата на 8 јуни гласаа граѓаните во Латвија, Малта, Словачка и Италија.

Денеска, 9 јуни, изборите се одржуваат во: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.

Првите прелиминарни резултати, кои можеби ќе покажат како ќе изгледа идниот Европски парламент, ќе бидат објавени денеска, доцна навечер, откако ќе заврши гласањето во сите 27 земји-членки.

На целата територија на Европската Унија право на глас имаат околу 370 милиони граѓани.

Растот на десницата

Сите анкети покажуваат дека во новиот состав на Европскиот парламент ќе има значително поголем број пратеници кои доаѓаат од десничарските партии.

Прелиминарните резултати за изборите одржани во Холандија и Италија веќе покажуваат дека во овие важни земји победиле десничарските партии.

Годинава право на глас на европските избори имаат 20 милиони нови гласачи. Сепак, гласањето на младите нема нужно да го забави растот на десницата.

Според анкетата на Фајненшл тајмс, околу една третина од младите француски и холандски гласачи помлади од 25 години, како и 22 отсто од младите германски гласачи, се за екстремната десница.

Без разлика на растот на десницата на овие избори, очекувањата се дека таа нема да може да формира мнозинство во ЕП.

Досегашните анкети покажаа оти традиционалните партии од десницата и левицата од центарот, односно Европската народна партија и европските социјалдемократи треба да го задржат приматот, иако со многу послаби резултати од досега. Вистинската трка е за третото место на кое претендира екстремната десница.

Распределба на мандати

Бројот на претставници што секоја земја ги има во Европскиот парламент се определува според големината на нејзиното население.

Според тоа, најмногу европски претставници ќе има Германија – 96, потоа Франција – 81 и Италија – 76 пратеници. Најмалку, пак, ќе имаат Малта, Луксембург и Кипар – по шест.

Избраните пратеници, зависно од нивната ориентација, потоа се групираат околу европските политички групи. За да постои една политичка група во парламентот, таа мора да има најмалку 23 претставници кои доаѓаат од најмалку седум земји на ЕУ.

Во пратеничкиот состав во заминување има седум такви групи. Не е исклучена можноста во новиот Европскиот парламент да има повеќе.

Што следува по европските избори?

Иако граѓаните на Европската унија непосредно на избори гласаат само за европратеници, резултатите од нив ќе се рефлектираат во процесот на назначување на шефови на клучните институции на ЕУ: Европската комисија, Европскиот совет и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешната политика и безбедноста.

Нив ги избираат шефовите на држави и влади на ЕУ, а именуваните политичари треба да бидат од редовите на партиите што добиле најмногу гласови на изборите.

Веднаш по завршувањето на изборниот процес, лидерите на земјите од ЕУ ќе ја започнат дискусијата за изнаоѓање прифатливи имиња од редовите на европските политичари кои ќе ги водат институциите на ЕУ во следните пет години.

Во текот на јуни ќе се одржат два самити на ЕУ и тоа е моментот кога според идеалното сценарио треба да се постигне договор за нови или стари имиња на овие позиции. Урсула фон дер Лајен се обидува да добие уште еден мандат на чело на Европската комисија – извршната институција на ЕУ.

Сепак, дури и кога лидерите ќе постигнат договор за името на првиот човек на Европската комисија, тоа ќе треба да биде потврдено и од Европскиот парламент.

Доколку лидерите се договорат во текот на јуни, тогаш идниот претседател на Европската комисија може да биде потврден од Европскиот парламент на пленарна седница што ќе се одржи во јули.

Европскиот парламент треба да го одобри новиот претседател на Европската комисија со апсолутно мнозинство, што значи 50 отсто плус еден.

Доколку кандидатот не го добие потребниот број гласови, земјите-членки мора да предложат друг кандидат во рок од еден месец.

Европскиот парламент ги потврдува и идните комесари за новото свикување на Европската комисија. Секоја земја членка ги предлага имињата на идните комесари по принципот една земја – едно име. Тие потоа треба да поминат низ парламентарниот процес на проверка.

Кандидатите за идни комесари се појавуваат пред комисиите во Европскиот парламент на сослушувања за нивните идни одговорностите во областите каде ќе бидат назначени.

Секоја комисија потоа ја оценува стручноста на кандидатот и ја испраќа до претседателот на европарламентот.

Негативна оцена од комисијата може да доведе до повлекување на кандидатите од процесот, како што имало случаи во минатото. По изборите одржани во 2019 година, Европскиот парламент отфрли две кандидатури за еврокомесари, а потоа европратениците побараа од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да излезе со нови имиња.

На крај, Европската комисија во својот целосен состав, вклучувајќи ги претседателот и високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност, повторно се одобрува од Европскиот парламент.

И европратениците и новоизбраните лидери на ЕУ треба да стапат на должност кон крајот на есента.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џеј Ло и Бен Афлек ја продаваат вилата од 60 милиони долари што ја купија пред една година

Следно

Новинарот на Би-Би-Си кој исчезна на грчки остров пронајден мртов

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop