Овој филм ќе им се допадне само на обожавателите на ХОРОР (ВИДЕО)

June 7, 2024
1 min read

Нов хорор-филм за ајкула штотуку е објавен на „Нетфликс“ и се навестува како биде еден од изненадувачките хитови за претстојново лето.

Во режија на Гзавје Жан, „Под Сена“ (Sous la Seine) е филм на француски јазик што раскажува за Париз тероризиран од мутирана ајкула која навлегла од океанот во реката Сена. Во француската престолнина треба да почне меѓународен триатлон, па научничката Софија (Беренис Бежо) мора да го спречи грабливецот да ги искасапи најдобрите спортисти на светот.

Критичарите веќе го споредуваат „Под Сена“ со, според многумина – неприкосновениот хорор „Ајкула“ (оригинален наслов: „Jaws”), на режисерот Стивен Спилберг. Пишувајќи за „Варајети“ (Variety), Мајкл Нордин го опиша филмов како „паметен блокбастер што би бил најпријатен ако го гледаме на големото платно“, и којшто може да го достигне квалитетот на кинохитот од 80-тите.

– Постојат малку филмови што го заслужуваат описот „често имитирани, никогаш не реплицирани“, – таков е случајот со „Ајкула“, бидејќи од сите големи филмови за ајкули што следеа потоа, тие што му се доближија (на првиот од овој поджанр), може да ги избројам на една рака, на којашто ѝ недостигаат прсти. „Под Сена“ може да биде најдобар меѓу нив, што не е слаба пофалба каква што може да изгледа, заклучи Нордин.

Мет Донато, друг китичар, од „Дејли дед“ (Daily Dead), тврди дека новиот хорор „ја комбинира бирократската глупост на ‘Ајкула’ со темпото на „Длабоко сино море’ (Deep Blue Sea), кaкo не најразумен пример за хорор за ајкули“, но вели оти е апсурдно забавно искуство.

Стјуарт Херитиџ, во својата рецензија за „Гардијан“, се согласува оти „Под Сена“ е „наголемо амбициозен, диво глупав, но и навистина застрашувачки спој“ на жанровите хорор, акција и катастрофа. Тој додава дека не недостигаат вообичаените брутални сцени и оти тоа е „приказна за човекот“ и „лекција за климатската криза“, како и „еден од најдобрите филмови со ајкули“ досега.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Олимписките прстени поставени на Ајфеловата кула

Следно

Во ОВОЈ ГРАД се живее најквалитетен живот, погледнете кои се на топ 10 листата

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop