Истанбул: На Фестивалот за култура и етноспорт оддадена им е почит на убиените деца во Газа

June 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – На 6. издание на Фестивал на културата „Етноспорт“, кој се одржува во Истанбул, оддадена им е почит на илјадници деца убиени во израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Фестивалот, кој годинава шести пат го организира Светската конфедерација за етноспорт (СКЕ), ги отвори вратите на аеродромот „Ататурк“. Традиционални спортови, ракотворби, детски игри и локални вкусови се изложени на фестивалот, на кој учествуваат приближно 30 земји.

На фестивалот, кој ќе биде домаќин на стотици илјади посетители во период од четири дена, оддадена им е почит на палестинските деца убиени во израелските напади врз Појасот Газа.

По тој повод стотици пара чевли што ги претставуваат децата од Газа беа ставени во подрачјето на кое се одржува фестивалот.

Тулај Ѓокчимен, координаторка на активностите за Палестина, за АА изјави дека на фестивалот се обидуваат на посетителите да им пренесат каква драма се случува во Појасот Газа.

„Ставивме чевли на платото, при што секој пар претставува дете од Газа. Нашето мото е ‘Сите деца заслужуваат да играат и сите деца заслужуваат да живеат и учат’. Се обидуваме тоа да им го претставиме на посетителите. Подготвивме сè за децата што ќе дојдат тука. Газа не е заборавена. Поставивме порака на влезот на која пишува ‘Да беа живи децата од Газа, тие ќе можеа да го посетат овој фестивал токму како тебе’,“ рече Ѓокчимен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судан: Силите за брза поддршка убија 22 цивила во Омдурман

Следно

Санкционирани 124 возачи на територија на Скопје

Latest from Blog

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се
Go toTop