ЦУК: Во последното деноноќие 1.993 повици на 112, три пожари на отворено

June 2, 2024
1 min read

Во последното деноноќие имало вкупно 1.993 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), од кои „реални“ биле 65,98 отсто, а 34,02 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. 

Како што информира ЦУК, кон Полицијата биле упатени 66,99 отсто, кон Итната медицинска помош 28,8,  а кон пожарникарите   2,91 отсто од реалните повици. 

-Имаше 682 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,29 отсто) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (34,02 отсто). Сите тие беа предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопшти ЦУК.

Оттаму посочуваат дека во последното деноноќие имало три пожари на отворено при што пожарникарите интервенирале  во Општина Шуто Оризари покрај улица „Индира Ганди“ за гаснење ниска вегетација, во Општина Прилеп во близина на „Дата центар“ за гаснење запалени отпадоци и во Општина Кичево кај село Крушино каде што гаснеле ѓубриште.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се урна трикатна зграда во Кучукчекмеџе, Истанбул, едно лице загина, 7 повредени

Следно

ФОТО: Навивачите кои влегоа на теренот на Вембли и го прекинаа мечот ќе заработат по 350.000 евра!

Latest from Blog

Николоски: Свлечиштата повеќе нема да бидат закана за автопатот Охрид-Кичево

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево силно напредува, а проектот се очекува да биде завршен кон крајот на 2026 година, согласно предвидената динамика, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој

Битола испрати порака за почиста животна средина преку „Генералка Викенд“

И во Општина Битола се реализираше една од најмасовните акции во државата „Генералка Викенд“. Вклучени беа основни и средни училишта, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом, а се чистеа и 12

Комуналец-Прилеп повторно ја чисти дивата депонија кај Вештачкото езеро

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика
Go toTop