Најмалку 435 тони злато нелегално прошверцувани од Африка во 2022 година

June 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Извештајот на швајцарската невладина организација „По патеката на африканското злато“ во вчера објави дека најмалку 435 тони злато биле прошверцувани од Африка во 2022 година, што претставува значителна загуба на приходи поради корупција, владеење и вооружени конфликти, пренесува Анадолу.

Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и Индија се прикажани како главни дестинации на извозот на африканското злато. Мали, Зимбабве и Брегот на Слоновата Коска се водечки земји во производството на злато.

Во извештајот на една невладина организација со седиште во Швајцарија се вели дека во Африка во просек годишно се произведуваат од 321 до 474 тони нерегистрирано злато.

Според оваа организација, шверцот со злато низ континентот е двојно зголемен во 2022 година во однос на претходните години.

Земји со најголемо производство на нерегистрирано злато се Гана, Јужноафриканска Република, Гвинеја и Буркина Фасо.

Покрај тоа, во извештајот се наведува и дека количеството на ископано и нерегистрирано злато во Африка е поголемо од она што се проценува.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Женски навики кои мажите никогаш нема да ги разберат

Следно

Мечка и две мечиња се појавија на пат во Маврово

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop