Ангеловска-Бежоска: Политики за поголема финансиска вклученост на жените се неопходни за забрзување на економскиот раст

June 1, 2024
1 min read

„Развој на политики кои ќе ги стимулираат жените да се вратат на пазарот на труд, поддршка од државата и работодавачите во однос на обврските на жената во семејството, адресирање на сите извори на родовите разлики и дизајнирање на нови иновативни технолошки решенија кои ќе овозможат поголема финансиска инклузија на жените, се политиките кои ќе придонесат кон поголема вклученост на жените во економијата, а со тоа и забрзување на економскиот раст, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во своето излагање на панел-дискусијата „Поддршка на жените во финансиите-рушење на бариерите”, во организација Економскиот факултет при Универзитетот во Тетово. Настанот го отвори ректорот на Универзитетот во Тетово проф. д-р Јусуф Зејнели, а се обрати и деканот на Економскиот Факултет, проф. д-р Брикенд Азири.

Гувернерката, на панелот на кој учествуваа и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, продеканката на Економскиот факултет Вјолца Хасани Лимани, главниот извршен директор на АД „Македонска берза“, Иван Штериев  и претприемачката Гзиме Фејзи, се осврна подетално на пристапот на жените до финансиите и улогата во развојот на претприемаштвото. Таа истакна дека согласно податоците на последната анкета „Барометар на женското претприемништво“, околу 67,8% од анкетираните жени претприемачи сметаат дека пристапот до финансии под поповолни услови е една од значајните форми на поддршка за нивните бизниси. Кога ќе се погледнат статистиките за бројот на кредитокорисници, вредноста на земените кредити, како и лицата кои поседуваат платежни сметки кај нас, очигледна е доминацијата на мажите (околу 55% од вкупниот број кредитокорисници се мажи, 62% од вредноста на кредити на население отпаѓа на мажи, 90% од мажите наспроти 80% од жените имаат платежни сметки). Притоа, гувернерката ја истакна важноста на потребата за поголема финансиската инклузија на жените, но и финансиската едукација на жените, како основа за развој на женското претприемаштво, а со тоа и поттикнување на економскиот развој.“ – се вели во соопштението од кабинетот на гувернерката.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реакции на израелскиот план за прекин на огнот во Газа што го претстави Бајден

Следно

Полска подготвува 8 слоеви одбрана на границата кон Русија

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop