Израелски медиуми: Израелската војска ќе им даде повеќе оружје на еврејските доселеници на Западниот Брег

May 30, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската војска ќе им даде повеќе оружје на илегалните еврејски доселеници на Западниот Брег, објави денес израелски медиум, пренесува Анадолу.

„Израелската војска објави дека ќе дистрибуира дополнителни пушки (митралези) на Западниот Брег“, објави израелскиот Канал 7.

Планот следува по извештаите за пукање во илегалните населби во близина на Тулкарм во северниот дел на Западниот Брег и убиството на двајца израелски војници што беа прегазени во близина на Наблус, во северниот дел на Западниот Брег.

„Претставник на Централната команда на израелската војска (неименуван) објави на состанокот на Комисијата на Кнесетот за Јудеја и Самарија (Западниот Брег) дека пушките ќе им бидат поделени и на жителите што не се припадници на резервната единица, со цел да се зајакне безбедноста“, додаде каналот.

На крајот на минатата година израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир започна кампања за вооружување на Израелците, вклучително и на илегалните еврејски доселеници на Западниот Брег, тврдејќи дека тоа требало да обезбеди заштита од палестински напади.

Оружјето е дистрибуирано меѓу илегалните доселеници и резервните војници во израелската војска, без да се прецизираат количините поделено оружје.

Во меѓувреме, претседателот на Комисијата на Јудеја и Самарија и член на Кнесетот од екстремно десничарската Религиозна ционистичка партија, Цви Суккот, рече: „Одлуката да се дистрибуира повеќе оружје во населбите Јудеја и Самарија е значајна и ќе го зајакне чувството на безбедност.“

Во изјавата за Канал 7 тој ги повика доселениците што сакаат да учествуваат во одбраната на своето место на живеење да поднесат барања за носење оружје, наведува каналот.

Се проценува дека на Западниот Брег, вклучително и Источен Кудс, има околу 720.000 илегални еврејски доселеници.​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Цел свет е воодушевен од овој рецепт! Омилен деликатес кој ќе ве маѓепса на првиот залак

Следно

ФОТО: Македонскиот алпинист кој падна во бессознание објави фотографии од смрзнатите раце

Latest from Blog

Венс заминува на преговори во Швајцарија, тврди дека нема докази за затворање на Ормутскиот теснец

„Не гледаме докази дека Иранците го затвораат Ормутскиот теснец“, рече Венс. „Всушност, вчера низ него поминаа 16 милиони барели нафта. Значи, јасно е дека бродовите се движат“, додаде тој. Ванс патува за

Николоски: Автопатот Гостивар – Букојчани се гради со забрзано темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража. Според

Николоски: Автопатот Гостивар – Букојчани се гради со засилена динамика

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража. Според

Турскиот селектор по елиминцијата: Ова се случува еднаш во 50 години

ФОТО:.sporx.com/ Турската репрезентација се збогува со Светското првенство во 2026 година откако беше поразена со 1-0 од Парагвај во клучен натпревар од Групата Д. По болното елиминирање, италијанскиот стручњак на клупата на
Go toTop