13 земји од Европската Унија нудат да испратат спасувачки тимови во Туркије

February 6, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – По земјотресот, спасувачки тимови за помош на Туркије досега понудија 13 земји на Европската Унија (ЕУ), објави Европската комисија, пренесува Анадолу.

„Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија најмилите и храбрите кои први реагираа во спасувањето на животите“, се огласија со заедничко соопштение високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, и европскиот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ.

Во соопштението се наведува: „Десет тимови за урбана потрага и спасување бргу се мобилизирани од Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Грција, Холандија, Полска и Романија за да ги поддржат оние кои први реагираа на теренот.“

Портпаролот на Европската комисија, Балаж Ујвари, изјави дека слична помош ветиле и Унгарија, Италија, Шпанија, Малта и Словачка.

Комесарите на ЕУ наведоа дека Центарот за итни случаи на ЕУ се координира со Туркије и државите членки на ЕУ за понатамошната помош.

„ЕУ ги поддржува акциите за спасување со својот сателитски систем Коперникус“, се додава во соопштението.

Земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтер утрово го потресе јужниот дел на Туркије. Епицентарот на земјотресот беше во областа Кахраманмараш, а земјотресот беше почувствуван во 10 турски области. Во разорниот земјотрес досега животот го загубија најмалку 912 лица, а 5.385 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снимено уривањето на зграда предизвикано од земјотресот во турскиот град Газиантеп

Следно

Карпош ќе ги награди училиштата кои имаат најдобро уреден еко-двор

Latest from Blog

Шефот на ФБИ се заканува со тужба на списание, кое објавило дека е често пијан

Пател ги нарече обвинувањата лажни и вети дека ќе се бори против обвиненијата, објави „Хил“. „Се гледаме на суд, ти и целата твоја свита на лажно новинарство… Продолжете со лажните вести, стандардот

Доаѓа нов бран на зголемување на цените: Храната и основните продукти први ќе бидат погодени

Поради повторното затворање на Ормутскиот теснец и зголемувањето на цените на енергијата, потрошувачките цени во Франција продолжуваат да растат. Според податоците од UFC Que Choisir, во наредните недели се очекува зголемување на

Неочекувано Барса ќе добие 11 милиони евра?!

ФОТО: FC Barselona/X Барселона би можела да добие неочекувана финансиска инјекција од француската Лига 1, а таа се поврзува со заборавениот Ансу Фати. Шпанецот моментално е на позајмица во Монако од Барселона
Go toTop