Нов лек за мамурност и пијанство

May 28, 2024
1 min read

Кога се говори за „превенција и третман“ на пијанството и мамурноста, постојат многу идеи, совети, „лекови“… Нo, сѐ тоа, сепак, доста често завршува „со главата под перница“ и реченицата „Никогаш повеќе“!

Затоа, научниците од швајцарскиот универзитетски Федерален институт за технологија во Цирих тврдат дека сега го нашле вистинскиот лек. Станува збор за „хидрогел“ којшто „може да ги намали штетните и опојни ефекти на алкохолот“, велат стручњаците. Овој гел е базиран и развиен на протеини, и е тестиран на глувци. Според наводите, гелот го претвора алкохолот во телото во „безопасна оцетна киселина“, како што вели професорот Рафаеле Мезенга.

-Не само што гелот ќе го спречи влегувањето алкохол во крвотокот, туку го префрла разградувањето на алкохолот од црниот дроб во дигестивниот тракт. За разлика од процесот на метаболизирање алкохол во црниот дроб, штетниот ацеталдехид тука не се јавува како производ од тој процес, појасни Мезенга.

Кај глувците-заморчиња, гелот довел до намалување на алкохолот во крвта за 50 отсто. Овие резултати го убедиле тимот научници дека ќе делува и кај луѓето, иако се признава дека ќе бидат потребни повеќе тестови за усовршување на ова средство против пијанство и мамурност.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Репрезентативец на Украина го засилува Вардар

Следно

Курти за „Фајненшл тајмс“: ЕУ и САД се „премногу благи“ кон Србија

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop